Здрава храна за мајките кои дојат

Не  треба ништо посебно да јадете додека доите, но добро е за вас како и за сите други да се храните здраво.

Здравата исхрана го подразбира следново:

– Најмалку пет порции од различно овошје и зеленчук дневно (вклучувајќи свежо, замрзнато, конзервирано и сушено овошје и зеленчук и 100% овошен сок без вештачки засладувачи).

-Храна со многу скроб, како што се: интегралниот леб, тестото, оризот и компирите.

-Многуте растителни влакна има во интегрираниот леб и тесто, житарките, оризот, мешунките (како грашок и леќа), овошјето и зеленчукот. После породувањето, некои жени имаат проблеми со цревата и запек. Влакната помагаат и во двата случаи.

– Протеини, како што се: посно месо, пилешко, риба, јајца и мешунки. Се препорачува најмалку две порции на риба неделно , вклучувајќи и некои масни риби.

-Млечни производи како што се млеко, сирење и јогурт. Содржат калциум и се извор на протеини.

-Пијте многу течности. Имајте пијалок покрај себе кога се подготвувате да доите. Водата, млекото и 100 проценти овошни сокови без вештачки засладувачи се добар избор.

Витаминот Д како додаток во исхраната

– Додека доите, се препорачува да  земате додаток во исхраната во форма на витамин Д секој ден. Сите други витамини и минерали кои ви се потребни, може да се добијат преку урамнотежена и разновидна исхрана.

– Прашајте го вашиот лекар или патронажната сестра каде можете да ги купите додатоците во исхраната со витамин Д .

Идеи за здрава закуска

Следната закуска е здрава и лесна да се направи, а ќе ви даде многу енергија:

– свежо овошје,

– сендвичи со зеленчук рендано сирење, пире од лосос или ладно месо,

– јогурт и фрапе,

– кајсии, смокви или суви сливи,

– зеленчук и супа од грашок,

– збогатени незасладени житарици, мусли и други житни култури од цели зрна и млеко,

– млечни пијалоци или 100% овошни сокови, без вештачки засладувачи,

– печени компири.

Храна која треба да ја избегнувате

Рибата е здрава за вашето тело, но не јадете повеќе од два пати неделно мрсна риба. Мрсната риба вклучува свежа туна (не конзервирана, бидејќи добрите масти се губат преку процесот на конзервирање), скуша, сардини и пастрмка. Постои ограничување на масни риби за жените, бидејќи мрсната риба содржи мали количини на загадувачи, кои може да се зголемат во телото и да влијаат на идниот развој на детето .

Генералниот совет до сите е да  избегнувате повеќе од еднаш неделно месо од ајкула и сабјарка поради живата која ја содржат овие риби. Избегнувајте ги овие риби воопшто во текот на бременоста или ако се обидувате да забремените.

Мали количини од она што го јадете и пиете може да се пренесат на вашето бебе преку мајчиното млеко. Ако мислите дека она што го јадете и пиете влијае на вашето бебе,  разговарајте со својот лекар или патронажната сестра .

Кофеин

Пијалоците кои содржат кофеин можат да влијаат на вашето бебе и да го држат будно. Додека е мало вашето бебе можете да се напиете пијалоци со кофеин, но тоа да не е секојдневно.

Кофеинот природно се појавува во многу пијалаци и храна, вклучувајќи ги кафето, чајот и чоколадото. Исто така се додава на некои безалкохолни  и енергетски пијалаци и на некои лекови за настинка и грип.

Важно е да не консумирате премногу кофеин. Обидете се со кафето и чаевите без кофеин, билните чаеви, 100 процентните овошени сокови или минерална вода. Ограничете го внесот на енергетски пијалаци, кои можат да имаат многу кофеин.

Кикирики

Ако ви се допаѓа да јадете кикирики или храна која содржи кикиритки (како што се путер од кикирики), додека доите можете да изберете тоа да го јадете како дел од здрава, урамнотежена исхрана. Не ги јадете ако сте алергични.

Не постои јасен доказ дека ако јадете кикиритки додека доите,  вашето дете може да развие алергија на кикирики. Ако имате било какви прашања или сте збунети, разговарајте за тоа со својот лекар или патронажна сестра.