Организирај се и твојот стрес ќе исчезне!

Дали постојано брзаш за да постигнеш да ги заврши сите работи? Дали ти е тешко се да запомниш и дали си преоптоварен со мисли, па мозокот ти работи 200 на саат?

Ако е така, сигурно и самиот знаеш дека ваквиот начин на живот е екстремно стресен, но добрата вест е дека не мора да биде!

Планирањето на твоето време ќе ти одземе можеби само 5 до 10 минути од денот, но ќе ти го направи целиот ден многу помалку стресен и попродуктивен.

Ако се префрлаш постојано од задача на задача без конкретен план во умот, брзо можеш да се премориш и да се изложиш на прекумерен стрес.

Не одложувај, организирај се! Можеби нема да ти успее на прва, но штом организацијата ти стане составен дел од животот, со сигурност ќе почнеш да владееш со неа.

Еве што би можел да направиш:

Направи си распоред за денот 

Обиди се однапред да си направиш точен распоред за секој ден, бидејќи ако однапред знаеш што се треба да направиш во конкретниот ден, многу ќе ти се намали стресот.

Но, кога ќе го правиш распоредот никако не заборавај дека целта не е да се преоптовариш, односно испланирај си онолку активности за колку што реално би имал време.

Дефинирај си приоритети

Некои задачи секогаш се поважни од другите и токму овие задачи би требало да бидат на врвот од твојата листа. Со други зборови, организирањето на времето истовремено значи и приоритизирање. Откако ќе го направиш работниот распоред, се што треба да направиш е да ги пречкртуваш задачите од листата онака како што ќе успееш да ги завршиш.

Одреди си слободно време за себе

Работниот распоред секогаш треба да вклучува и време за себе, зашто на секој од нас за да биде продуктивен и успешен, неопходно му е секојдневно да направи пауза, да се посвети на себе и да се опушти.

Доколку го изоставиш овој многу битен дел од твојот распоред, голема е шансата дека порано или подоцна ќе се демотивираш, премориш и не само што ќе ти страда продуктивноста и работата, туку значително може да се намали и квалитетот на твојот живот.

Докажано е дека, само десет до дваесет минути дневно поминати во пешачење, вежбање или дружење со пријателите, можат многу да те опуштат и да ти помогнат повторно да си ги наполниш батериите.  

Постојат многу начини за успешно организирање на животот, ова се само 3 совети кои би можеле да ти помогнат да почнеш, затоа не чекај, примени ги и намали си го стресот уште денес!

Но, кога стресот е главната причина за слабите резултати што ги покажувате на работа, време е за Dr. Viton Magnezan B6, суплемент целосно создаден за зафатените луѓе во брзање. Овој смирувачки коктел ќе воспостави балансирано функционирање на нервниот, кадриоваскуларниот и мускулниот систем, и за разлика од лековите за смирување, нема да направи да се чувствувате летаргично или поспано. Напротив, мозокот и концентрацијата ги одржува на високо ниво, но ги штити и ги ослободува клетките од непотребен стрес.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)