5 проверени начини за да се ослободиш од стресот

Сите ние знаеме што е стрес и, сакале или не, се соочуваме со него буквално секој ден во нашиот модерен и забрзан начин на живот.

Наместо да трагаме по најточната дефиниција за стрес, многу подобро е да преминеме директно на суштината и да ги откриеме најдобрите и докажани методи за најбрзо ослободување од него.

Ова е нашиот избор на најдобрите 5 техники за речиси инстантно ослободување од стресот:

Прергнувај се и остани смирен

Доколку сакаш да почувствуваш како изгледа некое повисоко ниво на среќа, а пониско ниво на стрес, тогаш обиди се да прегрнуваш што почесто!

Научно е докажано дека при прегрнувањето во човечкото тело се ослободува окситоцин или така наречен хормон на среќата, кој сосем оправдано често се нарекува и „хормон на прегратката“.

При размената на прегратки доаѓа и до намалување на нивото на стрес хормонот норепинефрин, што води до брзо постигнување на чувство на релаксација.

Затоа, следен пат кога ќе се почувствуваш напнато и под големо ниво на стрес, не плаши се и прегрни се со некого, бидејќи прегратката е всушност најдобрата природна техника за полесно справување со стресот. Најдоброто од се, бесплатна е!

Создади сопствено уметничко дело

Лесен, а истовремено и еден од најпријатните начини за справување со стресот е човек да си дозволи да дојде во допир со својата креативна страна.

Постојат речиси безброј начини за изразување на креативноста, но ако не си по цртањето или сликањето, можеби би можел да се пронајдеш во боењето на мошне популарните боенки за возрасни!

Научните истражувања имаат докажано дека боењето е многу смирувачка и благопријатна активност со која дури се постигнува и медитативен ефект. 

Во процесот на боење, всушност, доаѓа до релаксација на амигдалата – делот од мозокот кој се активира токму кога човекот ќе се почувствува уплашено или под стрес.

Освен тоа, кога целото наше внимание ќе биде насочено кон боењето на одреден образец, нашиот фокус ќе биде оттргнат од проблемите и од она што не загрижило, што ќе ни помогне полесно да се опуштиме.

Смеј се колку што можеш повеќе

Некои истражувања имаат покажано дека смеењето не само што ја намалува тензијата, туку истовремено ја подобрува и функцијата на имуниот систем. Затоа, колку што можеш повеќе смеј се, размени по некоја шега со пријателите, изгледај смешен филм или едноставно обиди се да не ги сфаќаш сите случувања премногу сериозно. Секогаш најди си некоја, макар и најмала, причина за насмевка.

Спортувај секојдневно

Спортувањето се смета за еден од најефикасните начини за ослободување од стресот. Доколку би можел да одвоиш време за само една активност за себе, тоа нека биде одржувањето на редовната физичка активност.

Има голем број на можности, планинарење, одење во некој фитнес центар или трчање, па се до едноставна получасовна прошетка низ природата, изборот е сосем твој, но за што и да се одлучиш доследноста е најважниот момент.

Разбуди си ја повторно страста кон животот

За да успееш повторно да си ја разбудиш страста кон животот, неопходно е прво да се посветиш кон сопственото исцелување.

Еден дел од овој исцелувачки процес е да научиш да ги трансформираш болката и негативните обрасци во однесувањето, во позитивни. И да постигнеш чувство на целовитост каде сите скршени делчиња од тебе повторно ќе си го најдат своето место, а ти простувајќи си на себе и на другите повторно ќе се засакаш себе.

Исцелувачкиот процес можеби е предизвик за секој од нас, но неминовно води до подобро здравје и повеќе радост во односот кон себеси, а и кон другите.

Притоа, не само што се намалува нивото на стрес кое се акумулирало низ годините, туку многумина од нас успеваат да ја разберат својата животна мисија и целта на сопственото постоење, што дополнително доведува до зголемено чувство на внатрешен мир и спокој.

И едно е сигурно, колку повеќе се фокусираме на сопственото патување и позитивната животна трансформација, нема да може, а да не приметиме дека нивото на стрес кое вообичаено сме го доживувале речиси секој ден сега постепено се намалува, па дури е возможно еден ден и потполно да исчезне.

Што ќе ти помогне, кога ништо од ова горе не помага?

Се обиде со сите активности наведени погоре и не забележуваш некое особено подобрување? Дали беше упорен или се откажа после 2 дена? Овој непожелен гостин тешко ќе го избркаш, затоа биди доследен на планот што го избра. За да си ја олесниш целосната трансформација, почни да пиеш Dr. Viton Magnezan B6, бидејќи овој суплемент ќе ти даде сила и волја, но и стабилни нерви за да истраеш во намерата да се ослободиш од стресот. 

Во основата на Dr. Viton Magnezan B6 е минералот магнезиум чија антистрес функција е да го контролира нивото на стрес хормонот. Проблемот е тоа што новите дози стрес го трошат и затоа редовно треба да се пие. Благодарение на магнезиумот, протокот на нервните импулси е во рамнотежа, мускулите се опуштени, нервите се заштитени и не дозволува стресот да влијае на целокупниот механизам на телото.

Во формулата на Dr. Viton Magnezan B6 е додаден витаминот Б6 со цел да го поддржи магнезиумот, бидејќи и тој слично делува, но и да ја обезбеди апсорпцијата на минералот – ја подобрува за 40 %. 

Dr. Viton Magnezan B6 е вашето природно и безбедно решение за да си го ослободите телото од стрес и да станете попродуктивни и посреќни.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)