Акупресурата е древна метода која се применувала во традиционалната кинеска медицина за намалување на стресот, анксиозноста и за подобрување на расположението.
Акупресурата може да се смета и за самолекувачка метода затоа што со доволно стекнато знаење секој би можел да ја прави сам во удобноста на својот дом или дури и на работа.
Се што треба да направиш е да се запознаеш со важните меридијански точки, и да ја вклучиш оваа техника во твојата секојдневна рутина за да го направиш твојот живот колку што е возможно посмирен.
Ако оваа метода ја споредиме со акупунктурата, прво што ќе забележиме е дека не се потребни игли. Наместо иглите овде се користат прстите, а енергетските блокади се отстрануваат со правење на нежен притисок врз одредени меридијански точки.
Истотака, акупресурата може да се користи многу почесто, дури и еднаш до два пати дневно и тоа секој ден, но најважно е да се запомни дека е потребно да се прави нежно.
Најчесто поставуваното прашање е: Која од овие две методи е подобар избор за намалување на стресот?
И експертите велат дека доколку планираш самиот да ја практикуваш техниката тогаш акупресурата е побезбеден избор, но доколку освен што сакаш да го намалиш стресот сакаш и да имаш позитивен ефект за некоја хронична болест, тогаш акупунктурата како посилна метода би била подобар избор за тебе.
Кога станува збор за ослободување од стресот и анксиозноста, најчесто употребувани се овие 7 меридијански точки:
Точка трето око – лоцирана е меѓу веѓите во средината на лицето. Освен за намалување на стресот, се смета дека помага и за намалување на напнатоста од очите и за подобрување на концентрацијата. Оваа точка се смета за најдобра и најбезбедна кога станува збор за намалување на стресот.
Точка рајска порта – се наоѓа во вдлабнатиот дел во горниот дел од ушната школка. Оваа точка помага за да се намали стресот и за подобро да се спие. Се што треба да направиш е да ја најдеш оваа точка (може да употребиш и огледало) и да ја држиш нежно притисната 2-3 минути.
Точка во длабката на рамото – се наоѓа на мускулот од рамето, на грбот измеѓу вратот и рамето. Важно за оваа точка е дека не смее да се третира за време на бременост.
Точка спојувачка долина– се наоѓа меѓу показалецот и палецот, и истотака не смее да се користи за време на бременоста.
Точка голем проток – се наоѓа малку подолу од точката која го поврзува палецот и средниот прст, во длапката од спојувањето.
Бубрежна точка 1 – лоцирана во лакот од стапалото. Оваа точка е единствена точка која се употребува за намалување на стресот а се наоѓа на стапалото.
Акупресурата се смета за безбеден начин за намалување на анксиозноста, стресот и тензијата, но сепак некои луѓе би морале за нејзината потенцијална употреба да се консултираат со доктор. Тоа се луѓето кои страдаат од артритис, рак или некоја кардиоваскуларна болест, како и бремените жени.
Доколку сепак се одлучиш да одиш на акупресура во некој салон за масажа, тогаш советот е да се осигураш дека лицето е обучено и лиценцирано и дека целосно е запознаено со твојата здравствена состојба.
Оваа проверена техника која функционира на база на допир, поддржете ја така што редовно ќе консумирате магнезиум и витамин Б6. И минералот и витаминот ја опуштаат мускулатурата, нервите и коските и спречуваат појава на грчеви. Во комбинација со акупресурата, ефектот ќе биде тројно поголем.
Но, магнезиумот и витаминот Б6 чие моќно делување е споено во формулата што ја создаде Dr. Viton Magnezan B6 нуди предност плус, имено тие ќе го релаксираат и мозокот. Поттикнувајќи проток на серотонин, мозокот ќе добие мотивција да размислува позитивно.
Dr. Viton Magnezan B6 е јогата што им е потребна на вашите внатрешни органи!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)