Дознај кои се симптомите на изнемоштеност од стрес и што ќе помогне!

Ние сите се изморуваме или преизморуваме некогаш, но да се биде изнемоштен е различно од обичен умор.

Изнемоштеноста е хронично, постојано чувство на немање на мотивација и енергија, кое е пратено со чувство на премореност, и е состојба која најчесто е поврзана со стресот.

Физичкиот премор е директен резултат на некоја наша активност, и најчесто поминува кога ќе се наспиеме или одмориме. Но, доколку ова чувство на измореност продолжува да трае и откако ќе се одмориме, тогаш најверојатно станува збор за изнемоштеност која е продукт на хроничниот стрес.

Еден начин за да дознаеме дали страдаме од овој тип на изнемоштеност и премор, е да ги забележиме симптомите. Затоа што во споредба со симптомите на физичката изнемоштеност, во овој случај листата на симптоми е многу поголема и најчесто вклучува и:

  • Мускулна слабост, болки во мускулите
  • Промении во расположението и иритабилност
  • Проблеми со меморијата
  • Намалена концентрација и фокус
  • Неодлучност
  • Недостаток на мотивација
  • Чести главоболки
  • Чувство на осаменост и самотија

Главна причина за овој тип на изнемоштеност од која што страдаат се поголем број на луѓе е хроничниот стрес.  И доколку не се стави во контрола лесно може да го наруши квалитетот на животот, а и на севкупното здравје.

Ако си под стрес поголем дел од времето, адреналните жлезди може да се истоштат, а ти како резултат на тоа да почнеш да страдаш од замор и изнемоштеност.

За среќа, постојат повеќе начини за надминување на оваа состојба.

Со тоа што ќе научиш како да се справуваш со стресните ситуации, и да го менаџираш стресот на здрав начин, ти би можел да си ги вратиш здравјето и енергијата.

Прво што треба да направиш е да ги идентификуваш стресорите и да почнеш да ги отстрануваш еден по еден. 

Но експертите велат дека дури и во случај кога не си ни сигурен зашто си под толкав стрес, а не се снаоѓаш добро ни со методите за негово менаџирање, не треба да се предадеш туку треба да побараш стручна помош.

Релаксирачките техники, како длабокото дишење, јога, медитација, доколку редовно се практикуваат можат да ти помогнат за помалку стрес и замор. Исто така од огромно значење е да се воспостави редовна рутина на спиење и здрава исхрана.

А со додавање и на редовната физичка активност со сигурност ќе ти се намалат симптомите на стрес и изнемоштеност. На почетокот можеби ќе се чувствувате уште поуморно, но штом се навикнете, вежбањето несомнено ќе придонесе кон општата благосостојба.

И кога на здравата исхрана, спортувањето и квалитетниот сон ќе додадете суплементи, очекувајте подобрување на резултатите уште во првата недела. Во вакви ситуации повеќе од неопходно е да му дадете на огранизмот поддршка со магнезиум и Б6. Овој релаксирачки сојуз доаѓа спакован во Dr. Viton Magnezan B6 и е најдобрата награда за вашиот исцрпен организам. 

Dr. Viton – Magnezan B6 проверено ги намалува симптомите на нервоза, раздразливост, блага анксиозност, нарушен сон и грчеви во мускулите. Ја подобрува работата на нервниот систем, срцето и мускулите. Го намалува стресот.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)