Стрес на работното место и што треба да направиш во врска со тоа!

Во модерниот свет во кој живееме денес, сите ние постојано сме под стрес кој може да го доживееме на било кое место, а можеби најмногу токму на нашето работно место.

Причината за тој стрес, може да биде наметнатиот притисок од страна на нашите работодавци, како премногу побарувања, задачи,продолжени работни часови, строги рокови, некои колеги, или едноставно самиот факт дека сме се премориле од работа и исцрпиле.

Овој стрес, понекогаш може да се претвори во нешто слично како условен рефлекс, па дури и самата помисла дека треба да одиме на работа може да предизвика тензија во нашето тело.

Ефектите од стресот кој го доживуваме на работа, не сe изолирани само на работното место туку продолжуваме да ги чувствуваме и кога ќе си заминеме дома, и тие можат негативно да влијаат врз нашите приватни релации со другите луѓе и во многу да го намалат квалитетот на нашиот живот.

Симптомите од стресот кој е поврзан со работата, варираат од физички симптоми, како главоболки, болки по телото, изнемоштенот, инсомниа, па се до когнитивни и емоционални симптоми како намалена концентрација и фокус, потешкотии при донесувањето на одлуките, лесна иритабилност итн.

Повеќето експерти се согласуваат дека, многу е подобро стресот на работното место да се спречи отколку да се лечи, и советуваат дека затоа е потребно и работодавците и работниците заедно да се потрудат.

Стресот на работното место многу влијае и врз продуктивноста на работникот, и затоа е неопходно истиот да се намали за доброто на сите во компанијата.

Токму затоа, работодавците се советуваат да:

  • Обезбедат доволно паузи и време за одмор;
  • Да поттикнат физичка активност и медитација, и за време, но и надвор од работните часови,
  • Да осигураат дека работникот не е преоптоварен со работни задачи и одговорности,
  • Јасно да ги објаснат задачите и обврските на работникот,
  • Да охрабрат искрена и отворена комуникација,
  • Ако не можат сами да се справат со некој проблем поврзан со стресот, да најмат надворешен консултант за да помогне,
  • Да изнајдат начин за да се одржи здрав баланс меѓу работата и приватниот живот итн

Вработените, од друга страна се охрабруваат да започнат со редовно практикување на антистрес техники, и дополнително на тоа да:

  • Си постават приоритети и реални работни рокови,
  • Поздраво да се хранат,
  • Навреме да си заминуваат дома,
  • Да не го прескокнуваат годишниот одмор,
  • Да направат здрав баланс меѓу работата и одморот
  • Да не толерираат дискриминација од ниеден вид, и да ја пријават ако истата се случи.

И без оглед дали сте на работа или не сте, секогаш мора да имате на ум дека вашето здравје мора да е на прво место.  И дека ако стресот на работното место не го менаџирате на здрав начин, со тек на времето голема ќе е веројатноста дека тој негативно би се одразил на вашето здравје.

Затоа научете како да го ставите под контрола стресот на вашето работно место, и почнете повеќе да уживате секојпат кога сте на работа!

Магнезиумот има позитивен ефект и помага при регулирањето на хормонот на стрес – кортизол, за кој најновите истражувања покажуваат дека кога е на високо ниво во телото, може да биде тригер за низа здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина и болести на срцето.  Витаминот Б6 има важна улога во одржување на бројни функции во организмот, меѓу кои регулирање на хормоналните активности, во метаболизмот на создавање енергија и влијае на нормалната психолошка функција. Овој витамин ја забрзува апсорпцијата на магнезиумот, овозможувајќи тој побрзо да делува и да го намали и елиминира стресот. 

Уживај во секој нов работен ден, без стрес и напнатост со Dr. Viton – Magnezan B6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во dm дрогериите, Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)