Зошто е потребна маска за длабинско чистење иако лицето го миеме секој ден?

Дали секој треба да користи маска за лице? ДА, и мажи и жени! Маската за лице е совршениот третман кој истовремено работи на неколку кожни проблеми. Вистинската маска ја хидратира кожата, го отстранува вишокот маснотија на лицето, го подобрува изгледот на порите. Нема потемелен чистач на лицето од маската. А кога на сето ова ќе го додадеме чувството на салонски третман и брз ефект, несомнено мора да ја имате во несесерот.

Целиот ритуал околу нанесување маската делува терапевтски, особено ако е збогатена со есенцијални масла. Бидејќи е неопходно да отстои на кожата, пријатниот мирис успева да ги скокотне сетилата и да ве опушти.

Многумина немаат навика да нанесуваат маска од причина што веруваат дека миењето и чистењето на дневна база е сосем доволно. Зошто живеат во заблуда?

Да, чистењето на лицето секој ден ќе ви помогне да ја исчистите кожата од нечистотиите, маслото, шминката и останатото ѓубре од површината на кожата. Но, маската овозможува чистење на сосем друго ниво.

Само со добра маска ќе успеете да ги извлечете нечистотиите кои се кријат под горните слоеви на епидермисот. Маската прави детоксикација на кожата, а промените се забележуваат додека делува. Ваквото длабинско чистење го подобрува изгледот на порите, тоа се забележува и се чувствува, бидејќи кожата е затегната и блескава подолго од вообичаено.

Помалку познат е фактот дека маската ја подобрува циркулацијата на крвта. Самиот процес на делување, активирање на состојките и плакнење на лицето, води до проширување на крвните садови во кожата. Токму поради ова, кожата заработува целосна трансформација, особено тенот кој е изедначен и добива здрав сјај.

Ова се основните бенефити од маската, но од една причина е задолжителна – таа го забрзува и олеснува продирањето на активните состојки од кремите и серумите кои редовно ги користите. Пред да се пожалите дека производите не делуваат, прашајте се кога последен пат нанесовте маска?

Ако се уште ја немате пронајдено идеалната, тогаш сте на вистинското место. Dr. Viton Oxygen Bubble Maskе маската која ќе ги испорача сето она што го наведовме погоре, плус е најзабавниот производ кој некогаш сте го користеле.

Откако ќе нанесете подебел слој, по 15 минути почнуваат да се појавуваат меурчиња кои скокоткајќи ја чистат кожата.

Она по кое предничи оваа маска се состојките како екстракт од лимон и портокал, есенцијалните масла од Бергамот и Еукалиптус и плус Алое Верата кои ја негуваат и ревитализираат кожата.

Dr. Viton Oxygen Bubble Mask е луксуз кој е достапен за сите, неверојатно сензорно искуство што ќе ве прероди ментално, оставајќи ве со блескава кожа.

Dr.Viton – Oxygen Bubble Mask можеш да ја купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Dr.Viton – Oxygen Bubble Mask можеш да ја нарачаш онлајн на

https://alfalab.mk/proizvodi/oxygen-bubble-mask/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )