Потребите на твоето тело се менуваат со текот на години, така што нема единствен одговор кој витамин или минерал точно ти треба во одреден период од животот. се што треба е да го слушаш твоето тело и навреме да реагираш кога нешто му недостасува, за да не дозволиш да дојде до развој на сериозни здравствени проблеми.
Ние ти претставуваме рамка во која ти објаснуваме кога и зошто треба да посегнеш по некој витамински додаток и суплемент.
- КАЛЦИУМ
Како старееме така трошиме многу повеќе минерали отколку што внесуваме, а тоа може да влијае на кршливоста на коските, посебно кај жените во менопауза. Калциумот помага во работата на мускулите, нервите, клетките и крвните садови. Жените постари од 50 години, а мажите од 70 треба да внесуваат и до 20% повеќе калциум.
- ВИТАМИН Б12
Помага при изградбата на крвните клетки и невроните. Околу 30% од лицата над 50 години страдаат од гастритис кој ја отежнува абсорпцијата на витамините од храната.
- ВИТАМИН Д
Како би го абсорбирал калциумот, на организмот му е потребен витамин Д, па добро е да се земаат заедно за да се спречи појава на остеоартритис. Иако изложувањето на сонце е препорака, како старееме така потешко го абсорбираме од сонцето, па треба да се побара во намирници како лосос, сардини…
- ВИТАМИН Б6
Телото го користи како би се одбранило од вируси и бактерии, како и за создавање на енергија. Како старееме, имаме поголема потреба од овој витамин.
- МАГНЕЗИУМ
Му помага на телото при изградбата на протеини и на коските, и го одржува нивото на шеќерот во крвта под контрола. Ако долго пиете лекови, или имате здравствени проблеми, може да страдате од недостаток на магнезиум.
- ОМЕГА-3
Тие се нарекуваат есенцијални, оти организмот не може сам да ги произведе. Важни се за здравјето на видот, мозокот…
- ЦИНК
Токму цинкот е еден од најважните минерали во телото, кој е клучен за добар имунитет и е потребен за многу функции, а може да се најде во намирниците како што е црвеното месо. Цинкот е потребен за одржување на имуниот систем, изградбата на протеини, покренување на ензимите и за создавање на ДНА. Важен е и за нормален раст, развој и полово созревање и за одржување на сетилата за мирис и за вкус.
- СЕЛЕН
Селенот е исклучително важен антиоксидант кој штити од болести на крвните садови, ревматоиден артритис, астма и други хорнични болести. Клучен е за нормална функција на штитната жлезда, поволно влијае на менталното здравје и расположение. Спречува настанување на деменција, болести на тироидеата и развој на карцином.
- КАЛИУМ
Калиумот е меѓу најважните електролити, нужен е за нормална работа на кардиоваскуларниот систем и бубрезите, за пренос на нервните импулси, цврстината на коските и забите и работата на мускулите. Недостатокот на калиум може да доведе до појава на болка и грчеви во мускулите, слабост, вртоглавица, запек и неправилна работа на срцето.
Одбери Dr.Viton – Magnezan B6
Dr. Viton – Magnezan B6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Magnezan B6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на dm и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)