Хипертензија, хипотензија, горен притисок, долен притисок… Колку треба да ти биде горниот, а колку долниот притисок? Кога си во опасност, кога треба да се загрижиш и да се консултираш со лекар?
Кога се зборува за притисокот, најчесто ги користиме овие изрази, но знаеш ли, навистина што тие значат? Знаеш ли кои се оптималните, а кои опасните граници на крвниот притисок и зошто е битно редовно да го контролираш.
Нормална вредност на крвниот притисок е 120/80 mmHg
Сега можеш едноставно и точно, со апаратите на AURON, во било кое време во текот на денот да го измериш и да ги следиш варијациите на твојот притисок. Апаратот на AURON дава прецизни резултати и благодарение на вградениот детектор, го открива неправилниот срцев ритам.
Со апаратите на AURON можеш да си водиш дневник на притисокот секој ден, во период од 1-2 месеци, оти секој од нив има меморија од 60 претходни мерења.
Крвниот притисок е притисок со кој крвта делува на ѕидовите на крвните садови во секој дел од телото, а се создава со работата на срцето како пумпа. При секое исфрлање на крв од срцето (систола), притисокот се покачува, а кога крвта се влева во срцето (дијастола) притисокот се намалува. Токму поради тоа се мерат две вредности на крвниот притисок: горна вредност (систолен) и долна вредност (дијастолен крвен притисок).
- Состојбата на притисокот е оптимална ако систолниот притисок е помал од 120, а дијастолниот е понизок од 80 mmHg.
- Состојбата на притисокот е нромална ако систолниот притисок е помал од 13о, а дијастолниот помал од 85 mmHg.
- Состојбата на притисокот е гранична ако систолниот изнесува помеѓу 130 и 139 mmHg, а дијастолниот помеѓу 85 и 89 mmHg.
- Првиот степен на хипертензија вклучува систолен притисок помеѓу 140 и 159 mmHg, и дијастолен притисок помеѓу 90 и 99 mmHg.
- Вториот степен на хипертензија вклучува систолен притисок помеѓу 160 и 179 mmHg и дијастолен притисок помеѓу 100 и 109 mmHg.
- Хипертензија од трет степен вклучува систолен крвен притисок од 180 mmHg и повисок и дијастолен притисок од 110 mmHg и повисок.
Поради промена на времето, може да ти се јават епизоди на хипертензија (покачен) и хипотензија (низок притисок).
Растот на долниот притисок ја зголемува опасноста од шлог, а растот на горниот од инфаркт.Скок на долниот притисок над 90 кај здрави лица укажува на стрес, психичка вознемиреност, напнатост поради обврски и претеран физички напор.
Честото варирање на атмосферскиот притисок знае да предизивка и турбуленции на крвниот притисок, кои многупати ни редовната терапија не може да ги “смири“. Доаѓа до нагли падови на притисокот и разлики во вредностите во текот на денот.
Но, секој скок на притисокот не е хипертензија и автоматски не укажува на проблеми со срцето и крвните садови. Сепак, вредностите на горниот и долниот притисок не би смеело да осцилираат повеќе од 15 до 20 милиметри. Тоа значи дека ако притисокот по десет минути од мерењето, се покачи од 10 до 15 милиметри, нема место за паника. Стресот, нервирањето, физичкиот напор и стравот може нагло да ја зголемат или намалат вредноста на двата притисоци.
Токму поради тоа, но и поради докажаниот факт дека покачениот или многу низкиот притисок може и да не даде никакви симптоми, потребно е тој редовно да се мери и следи.
Како мерка на превенција се препорачува мерење на притисокот два пати во денот (наутро и навечер) и тоа два пати во размак од три до пет минути помеѓу мерења.
Со апаратот на AURON брзо и точно до вистинската вредност на крвниот притисок
Auron TMB 1117 може да ги нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/auron-tmb-1117/
Аурон апаратите може да ги може да ги набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)