Од билките “чистачи“ често се споменува артичоката. Таа содржи горчливи соединенија: цинаропиркин, цинарин, различни минерални состојки и големи количини витамин А. Лековитоста потекнува од горчливите специфични соединенија кои го поттикнуваат црниот дроб на побрз проток на жолчката, а се препорачува и при состојби на лоша дигестија (варење на храната).
Артичоката изобилува со прехранбени влакна – инулин, кој делува како пробиотик и во цревата поттикнува раст на корисните бактерии и така помага во воспоставување на поволна рамнотежа на цревната микрофлора. На тој начин го намалува нивото на токсини кои стигаат во црниот дроб, а се одржува и здравјето на целиот организам.
Редовното консумирање артичока ја стимулира функцијата на црниот дроб и го намалува нивото на масти и холестерол во крвта.
Докажано е дека артичоката го намалува нивото на покачениот холестерол и триглицериди во крвта и тоа со засилено разградување на холестеролот преку црниот дроб и со исфрлање на вишокот холестерол преку дигестивниот систем. Овие два процеса претставуваат природен механизам за намалување на зголемениот холестерол од организмот, за разлика од некои лекови (статини) кои ја блокираат неговата синтеза.
ПОЗИТИВЕН ЕФЕКТ НА ЦРНИОТ ДРОБ
Во поново време откриено е дека цинаринот, соединение кое се наоѓа во артичоката, позитивно делува на црниот дроб и поттикнува неговата детоксикација. Истовремено, соединението слилимарин, делува како антиоксидант кој помага во обновување на здраво ткиво на црниот дроб.
Екстрактот од артичока го намалува нивото на лошиот холестерол, стимулира обновување на клетките на црниот дроб, помага при мачнини, надуеност, жиговина, комплетно го потпомага функционирањето на дигестивниот систем благодарение на диуретските способности.
Екстрактот АЛЕ, содржан во артичоката, е силен антиоксидант кој се користи за детоксикација на организмот и делува противвоспалително, што значи дека помага при пореметувања на системот за варење – надуеност, гасови, рефлукс, мачнини и болки во стомакот.
Истражувачи од Велика Британија утврдиле дека екстрактот од артичока го намалува нивото на лошиот холестерол( ЛДЛ). Холестеролот загрижува само кога неговото ниво ќе се зголеми над невообичаените вредности. Тогаш на пациентите им се препишуваат лекови (статини), кои може да имаат потенцијални штетни нуспојави (малаксалост, осип, болка во мускулите).
Започни уште денес! Погрижи се за сопственото здравје! Нарачај Nature Essential – Артичока!
Продажни места на Nature Essential – Артичока:
EUROFARM Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, dm-дрогерии, COSMO-дрогерии и сите подобро снабдени аптеки.
Направете брза онлајн нарачка:
https://alfalab.mk/proizvodi/articoka
Телефон за нарачка : (02) 3218-821
(Секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот)
Достава до вашата домашна адреса