Колку често се мери притисокот дома и како правилно да го измерите?
Крвниот притисок треба да се мери неколку пати дневно при воведување или промена на терапија. Кога терапијата ќе се стабилизира, а вредностите се поволни, се мери еднаш или двапати неделно. Важно е да се пишуваат вредностите на притисокот. Лекарите велат дека е исклучително важно правилно да се мери притисокот дома и да се следат упатствата.
ЕВЕ КАКО ДА ГО ИЗМЕРИТЕ ПРИТИСОКОТ ДОМА:
Опуштете се, мирно седнете со стапалата на под, пет минути. Молчете.
Раката на која го мерите притисокот мора да биде ставена на цврста подлога и во линија со срцето.
Клучно е манжетната да биде ставена правилно
Извршете ги сите физиолошки потреби, пред мерењето.
Мерете го притисокот најмалку во два наврати во денот (наутро и навечер). Секој пат мерете по два пати во растојание од три до пет минути помеѓу мерењата.
Ако вредноста на притисокот е неочекувано висока, малку одморете, па повторете го мерењето. Земете ја предвид пониско измерената вредност.
Запишувајте ги вредностите на крвниот притисок за да може да пресметате средна вредност за одреден период (еден месец).
Поставете ја манжетната околу надлактицата, не престегната. Долната страна од неа треба да биде 2,3 сантиметри над внатрешната јама на лактот. Потоа се вклучува уредот. На екранот, на крајот од мерењето се испишуваат две вредности – систолен и дијастолен притисок.
Auron TMB 1117 може да ги нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/auron-tmb-1117/
Аурон апаратите може да ги може да ги набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)