Покачениот крвен притисок е опасна и подмолна болест која честопати се потценува поради тоа што симптоми речиси и да нема, а кога конечно ќе се забележат најчесто е премногу доцна.
Понекогаш првиот видлив симптом може и да е последен и да заврши со ненадејна смрт, а тоа најчесто е мозочниот удар.
Крвните садови во телото, вклучувајќи го и мозокот под дејство на високиот крвен притисок можат да бидат оштетени, а можно е и формирање на тромбови кои можат да го блокираат дотокот на крв во мозокот и да предизвикаат одумирање на мозочните клетки поради нивното неснабдување со кислород и хранливи состојки. И токму така настанува мозочен удар.
Но, освен што хипертензијата може да доведе до мозочен удар таа може да предизвика и ред други оштетувања во телото и во мозокот.
За мозокот непречено и правилно да работи, потребна му е доволна количина на крв за да го снабдува со кислород и со сите хранливи состојки.
Но во случај на хипертензија токму оваа крв која е под зголемен притисок може да доведе до различни проблеми во мозокот а едно од нив е и таканаречениот мини мозочен удар или ТИА (транзиторен исхемичен напад).
ТИА е состојба при која доаѓа до краткотраен прекин во снабдувањето на мозокот со крв, и најчесто е резултат на покачениот крвен притисок и зацврстените артерии или присатни тромбови. Доколку се случи истото треба да се сфати како предупредување за можна појава на вистински мозочен удар и веднаш е потребно да се спроведат превентивни мерки за тоа да се спречи.
Стеснетите или блокирани артерии го намалуваат дотокот на крв во мозокот и така може да се појави т.н васкуларна деменција при што пациентот развива проблеми со меморијата.
Со научни студии е докажано и дека покачениот крвен притисок може да доведе до намалување на когнитивната функција на мозокот.
Со оглед на сериозните компликации кои покачениот крвен притисок може да ги предизвика не само на мозокот туку и во целото тело неопходно е тој редовно да се контролира и неговите вредности да се одржуваат во нормала.
Лековите кои се препишуваат не само што се очекува да се користат доживотно туку и имаат многу непријатни несакани ефекти, затоа луѓето се повеќе почнуваат да се ориентираат природните начини на лекување или спречување на оваа состојба.
Омега – 3 масните киселини имаат неверојатно моќно дејство за намалување на покачениот крвен притисок и тоа е докажано и со научни студии.
ЕПА и ДХА го регулираат притисокот преку различни механизми.
Овие масни киселини директно влијаат врз создавањето на азотен оксид, кој потоа успешно го намалува покачениот крвен притисок.
За нормален крвен притисок потребно е Омега – 3 киселините во доволна количина да се внесуваат во телото, со исхрана богата со мрсна риба или во форма на додатоци во исхраната.
Dr.Viton Omega -3, претставува додаток во исхраната, кој освена ЕПА и ДХА дополнително е збогатен со 12 mg витамин Е и 10mcg витамин Д3!
Dr.Viton OMEGA-3 е достапен во аптеките на: Еурофарм, Виола, Галениум, Бети, и во други подобро снабдени аптеки, а го има и на рафтовите во ДМ-дрогериите и Cosmo – Тинекс!
Нарачај го веднаш онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-omega3/
или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Dr.Viton OMEGA-3 ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!