Омега -3 од морето за живот со нормален крвен притисок!

Високиот крвен притисок е убиец! Може да убие предизвикувајќи срцев удар, мозочен удар, откажување на бубрезите…

Тој е подмолна болест и може да се случи и кај некого кој најмалку го очекува.  Модерниот начин на живот, пребрзото темпо со преголем стрес, во комбинација со нездравата исхрана и прекумерната употреба на алкохол, кофеин и други стимуланси е една од причините што оваа подмолна болест зема се поголем замав.

Најлошо е што симптомите се јавуваат предоцна, а постојат и случаеви каде никогаш не се појавил ниеден видлив симптом, и кај тие луѓе првиот симптом била ненадејната смрт.

За да се спречат вакви и слични трагедии неопходно е високиот крвен притисок редовно да се контролира и секогаш да се одржува колку што е возможно во рамките на нормалата.

Лековите кои се препишуваат не само што се очекува да се користат доживотно туку и имаат многу непријатни несакани ефекти, затоа луѓето се повеќе почнуваат да се ориентираат кон алтернативните и природни начини на лекување или спречување на оваа состојба.

Сигурно и ти се прашуваш дали има природно решение за контролирање на твојот покачен притисок? Има и тоа се природните Омега – 3 масни киселини!

Омега – 3 масните киселини имаат неверојатно моќно дејство за намалување на покачениот крвен притисок и тоа е докажано и со научни студии.

ЕПА и ДХА го регулираат притисокот преку различни механизми.

Овие масни киселини се составен дел на фосфолипидната мембрана на секоја клетка во телото и влијаат врз тоа како клетките одговараат на факторите од надворешната средина, одговорни се првенствено за флуидноста на мембраната.

Овие масни киселини директно влијаат врз создавањето на азотен оксид, кој потоа успешно гоо намалува покачениот крвен притисок.

ЕПА и ДХА успешно го намалуваат оксидативниот стрес и воспалението.  Во случај на хронично воспаление зголемено е производството на штетните РОС и зголемен е и оксидативниот стрес кои ги оштетуваат клетките.

Со создавање на специјални молекули наречени еикозаноиди овие масни киселини го намалуваат воспалението, истовремено ја намалуваат и генската експресија на инфламаторните молекули, со што се намалува оксидативниот стрес и се обновува создавањето на азотниот оксид.

За нормален крвен притисок потребно е Омега – 3 киселините редовно да се внесуваат во телото, со исхрана богата со мрсна риба или со суплементи – изборот е твој!

Dr.Viton Omega -3 (E+ D3), претставува висококвалитетен додаток во исхраната, кој освена ЕПА и ДХА дополнително е збогатен со 12 mg витамин Е и 10mcg витамин Д3!

Со редовна употреба Dr.Viton Omega -3 (E+ D3) и ти можеш да го намалиш ризикот од хипертензија, затоа нечекај пробај ја веднаш!

Dr.Viton OMEGA-3 (E+ D3)  е достапен во аптеките на: Еурофарм, Виола, Галениум, Бети, и во други подобро снабдени аптеки, а го има и на рафтовите во ДМ-дрогериите и Cosmo – Тинекс!

Нарачај го веднаш онлајн  https://alfalab.mk/proizvodi/p-dr-viton/omega3

или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)

Dr.Viton OMEGA-3 (E+ D3)  ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!