Што е крвен притисок ?
Крвниот притисок е мерка за силата која срцето ја користи за да ја пумпа крвта низ телото. Со своето отчукување срцето ја пумпа крвта и таа притоа притиска на зидовите од крвните садови. Кога ние го мериме притисокот всушност ја мериме силата на ова притискање.
Нормалниот крвен притисок изнесува 120/80 mm Hg.
Поголемата бројка е систолниот притисок односно притисокот кој се создава врз зидовите на артериите при пумпањето на крвта.
Помалиот број е притисокот кој се создава измеѓу отчукувањата и се вика дијастолен притисок.
Кога крвниот притисок е покачен тоа значи дека им предизвикува преголем стрес на артериите и на срцето, токму затоа неконтролираниот крвен притисок може да доведе до појава на срцева болест, па дури и до срцев или мозочен удар.
За да се спречи ваков кобен исход, неопходно е навреме да се открие дека лицето има хипертензија и веднаш да се превземат сите потребни мерки за намалување на притисокот.
За навреме да се открие ваквата состојба најсигурен метод е редовното мерење на крвниот притисок, затоа што симптомите се појавуваат доцна односно во фазата кога болеста веќе напредувала.
За хипертензија се смета кога вредноста на крвниот притисок е 140/90mmHg или повеќе.
На најголем ризик за развој на хипертензија изложени се
- -луѓето над 65 години
- -оние со прекумерна телесна тежина
- -оние со хипертензија во семејството
- -оние со лоша исхрана
- -недоволна физичка активност
- -голем внес на кафе и алкохол
- -зголемен стрес
- -недоволен сон
Најчести симптоми на покачен крвен притисок се:
Премор – кој се јавува какоо резултат на зголемен притисок во виталните органи (мозок, срце, бубрези) пришто телото работи потешко одколку при нормален притисок.
Болка во градите – затоа што срцето е под зголемен стрес поради потребата да пумпа повеќе крв и кислород, кога е зголемен притисокот. Може да се оштетат и коронарните артерии кои ќе предизвикаат ненормален доток на крвта до срцето, а со тоа и појава на ангина.
Потешкотии во дишењето – се јавуваат како резултат на ефектот на покачениот притисок врз срцето и белите дробови. И овие потешкотии стануваат повидливи при зголемена физичка активност.
Неправилни отчукувања на срцето – аритмијата доста често е последица на покачениот крвен притисок, и најчесто укажува на ослабена работа на срцето.
Долготрајни главоболки, лошење и нагон за повраќање, проблеми со видот, крв во урината итн.
Но поради неспецифичноста на овие симптоми и поради тоа што кога ќе се појават хипертензијата веќе земала поголем замав, се препорачува и во отсуство на билокаков симптом крвнот притисок да се мери и одржува во нормала.
Покачениот крвен притисок немора да те убие, ако го откриеш доволно рано, затоа најди начин за редовно да го мериш и избери да живееш здраво!
Auron TMB 1117 може да ги нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/auron-tmb-1117/
Аурон апаратите може да ги може да ги набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)