Покачениот крвен притисок или хипертензија е болест на денешницата и за жал, таа од ден на ден погаѓа се поголем број на луѓе. Додека во минатото проблемите со крвниот притисок биле резервирани за постарите лица, денес покачениот крвен притисок се повеќе се открива и кај помладите.
И тоа не треба ни да не зачудува, знаејќи дека врз вредноста на крвниот притисок многу влијае и самиот начин на живот.
Нездравата исхрана, недоволниот сон, намалената физичка активност, зголеменото ниво на стрес…сите тие негативно влијаат врз твоето здравје, и докажано е дека дури и без оглед на генетиката сепак можат да доведат до развој на хипертензија.
Хипертензијата меѓу народот е позната и како “тивок убиец” затоа што симптомите најчесто почнуваат да се чувствуваат дури кога болеста е во понапредна фаза, и токму затоа е важно да се проверува крвниот притисок за во случај ако има некој проблем тој да се открие порано, пред да биде премногу доцна.
Доколку се сомневаш дека можеби токму ти имаш проблеми со притисокот или некој во твоето семејство веќе болува од хипертензија, тогаш се препорачува редовна контрола на неговите вредности.
Во лекарска ординација, аптека или дома сеедно но важно е состојбата да се контролира затоа што последиците од неконтролираната хипеrтензија често можат да бидат и опасни по животот.
Првичните симптоми се појавуваат како честа главоболка, која може да премине и во хронична, чувство на измореност, вртоглавици, крварење од носот, но доколку вредноста на крвниот притисок е надвор од нормалата долго време и ништо не се превземе, тогаш може да страда и срцето или и да дојде дури и до срцев или мозочен удар.
Но, доколку со редовно мерење на притисокот се увиди дека вредноста е над нормалната дури и ако нема никакви симптоми, потребно е веднаш да се превземат мерки за притисокот да се намали и вредностите да бидат повторно во рамките на дозволеното.
Прво што треба да се превземе е итна промена на начинот на живот, од исхраната да се исфрли солта, солената храна, сувомеснатите и конзервирани производи, шеќерот, а да се зголеми внесот на свежо овошје и зеленчук.
Да се воведе редовна физчка активност и ако е потребно да се намали покачената телесна тежина.
Да се најде делотворен начин за намалување и контролирање на нивото на стрес затоа што е докажано дека тој итекако може да го покачи притисокот.
Доколку овие методи не вродат со резултат може да се додадат и додатоци во исхраната, а доколку и тоа не помогне тогаш секако дека е потребно во консултација со лекар да почне да се користат некои од лековите за намалување на покачениот крвен притисок.
Но, експертите се едногласни и нема дилема дека најважен чекор во борбата против хипертензијата е токму нејзиното рано и навремено откривање!
Откри навреме со Auron
Auron TMB 1117 може да ги нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/auron-tmb-1117/
Аурон апаратите може да ги може да ги набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)