Ако имате проблеми со спиењето, две чаши сок од вишна на ден може да ви помогнат да спиете подолго и поубаво, велат научниците.
Луѓето кои редовно го пијат киселкастиот сок од вишна имаат поквалитетен и подолг сон, открија новите научни студии на Универзитетот Нортамбрија.
Студијата беше спроведена кај повеќе од 20 волонтери кои во текот на една недела пиеле двапати на ден по 30 мл сок од вишна .
Овој сок го зголемува нивото на мелотонин во организмот, а во прашање е хормонот кој го регулира спиењето.
Волонтерите кои редовно пиеле сок поминале 15 минути подолго во кревет, и речиси 25 минути повеќе сон. Квалитетот на спиењето кај нив е зголемен 5-6 проценти. Ова откритие може да им помогне на оние кои имаат тешкотии со спиењето поради несоница, работа во смени или честите промени на временските зони поради патувања, велат научниците од Универзитетот Нортамбрија.