Највкусната супа од домати. Количина доволна за две деца и двајца возрасни.
Потребно:
-1 лажица путер
-1 кромид
-1 компир со слична големина
-1 чешле лук
-450гр домати
-2 супени лажици доматно пире
-400 мл бујон
-2 кафени лажички босилок
-сол и бибер по вкус
Подготовка:
1. Стопете го путерот и додадете го ситно исецканиот кромид да се стопи.
2. Додадете го компирот, лукот, доматите, доматното пире и бујонот. Гответе на поголема температурa додека да зоврие, а потоа намалете ја температурата, поклопете со капак и гответе околу 20 минути. Доматите откако ќе ги исчистите , исецкате, кратко варете , потоа додадете ги во чорбата.
3. На крај додадете го босилокот и зачините. По желба може да додадете и лажица павлака.