Сончева диета – 4 кг за 8 дена

 Не случајно е наречена сончева или “spring sun” диета бидејќи вклучува храна која има исклучиво жолта боја која потсетува на пролетното сонце. Оваа диета е идеална да се користи во лето па затоа е наречена уште и сончева диета.

Да напоменеме дека се работи за брза диета. За 8 дена би требало да изгубите до 4 килограми доколку ги следите правилата. Исто така треба да напоменеме дека оваа диета не треба да се применува повеќе од 8- 10 дена.

Намирниците кои се ви потребни за оваа диета треба да имаат жолта боја. Овде можете да вклучите: дуња, тиква, кајсија, жолти јаболка, диња и сл.

Целта е во денот да внесете по 500 грама жолта храна. Но, во тие 500 грама мора да вклучите најмалку 4 различни жолти намирници. Притоа можете да внесувате многу вода и жолти сокови. Кога сме кај соковите мораме да напоменеме дека и тие се вклучени исто како одреден продукт, значи и жолтиот сок се брои во различната жолта храна.

Како и секоја диета и оваа би било пожелно да се зачини со редовна телесна активност, бидејќи така би имала најдобри резултати. Добра е што не ве ограничува кога и колку да јадете, едноставно треба да бирате продуктите да бидат жолти.

Напомена:

– Оваа диета не е за хоронично болни

– Оваа диета не е за трудници и доилки

– Оваа диета не треба да трае повеќе од 10 дена