Сите родители сакаат са ги воспитуваат своите деца учејќи ги на добри навики. За да биде вашата „мисија“успешна ,дознајте кои се тие добри навики кои вашето дете треба да ги стекне.
Миење на заби. Повеќето деца ги мрзи да ги мијат забите. Навикнете ги вашите најмили дека миењето на заби е секојдневна обврска, како што е јадењето или спиењето.
Самостојно будење. Многу родители речиси ги„извлекуваат“ своите деца од креветот секое утро, а тоа не е добра навика.
Манири на маса. Многу е важно вашето дете да научи правилно да се однесува на маса. За почеток научете го само да јаде.
Чистење на својата соба. Не е ваша обврска секогаш да чистите по децата. Тие мора да научат да го исчистат својот неред.
„Молам“ и „Благодарам“. Ако вашите деца научат да ги употребуваат овие два збора, нивниот живот ќе стане лесен. „Молам“ и „блaгодарам“ се два волшебни збора кои можат да ви помогнат во различни ситуации од животот.
Делење на работите со други. Повеќето од двојките се одлучуваат за едно дете, а без браќа и сестри со кои ќе ги дели работите детето станува себично.
Учете ги вашите деца да ги делат своите играчки, книги и храна со своите роднини и пријатели.
Одговорност кон парите. Учете ги вашите деца од мали нозе да располагаат со парите. Дадете им строго одредена сума и замолете ги да управуваат со своите трошоци.Тоа ќе ги научи да бидат финансиски одговорни подоцна во животот.
Здрави навики за јадење. Сите деца сакаат да јадат пица и хамбургери. Но, не’ дозволувајте вашето дете да биде зависно од оваа храна.
Помагање дома. Кога вашите деца ќе станат доволно големи (7-8 години) треба да помагаат во домашните работи. Дадете им да извршуваат некои ситни домашни работи, како што е редење или бришење на садовите.
Одење на спиење. Погрижете се вашите деца да одат во кревет во одредено време.
Само ако ги научите да водат дисциплиниран начин на живот, тие ќе ги сочуваат овие навики и подоцна во животот.