МАСЛО ОД ЖОЛТО НОЌНИЧЕ ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА?

Жолтото ноќниче, или Oenothera biennis, е цвеќе со жолт цвет кое има краток период на цветање, цветот е отворен во текот на само една вечер (и покрај неговото име) пред да овене и изумре следниот ден. Велат дека цветот засветува во темнината на ноќта.

Маслото, кое се исцедува од семето, има терапевтски и исцелителни својства. Жолтото ноќниче има примарен состав на омега-6 олеински киселини, а како најзабележливи се линолеинската киселина, гама-линолеинската и глутаминот. Линолеинската киселина се смета за есенцијална омега-6 масна киселина затоа што нашето тело не може само да ја синтетизира и произведе.

Омега-6 е неопходна за човековото здравје и има клучна улога во церебралните и нервните функционирања, како и во растењето и развојот на клетките. Дополнително, омега-6 го одржува здравјето на коските, го поддржува репродуктивниот систем, го регулира метаболизмот и го стимулира растот на косата.

Како да го спречите губењето на косата со масло од жолто ноќниче?

Многу луѓе кои користеле масло од жолто ноќниче почувствувале бројни придобивки од ова масло богато со нутритивни својства, кои освен превенцијата на губењето на косата спаѓа и забележително големиот пораст на новата коса. Нутритиентите кои се застапени во маслото од жолто ноќниче според истражувањата се покажале како големи стимулатори за раст на косата. Токму присуството на ГЛК (Гама линолеинска киселина) која според истражувањата се покажала како главната причина која се крие зад ваквите својства за превенција на губењето на косата. ГЛК се смета за една од есенцијалните масни киселини кои се неопходни за одржување на здравствениот раст и развој. Но сепак прекумерното користење на ГЛК може да биде и опасно и да води кон воспаленија. Еден интересен факт за ГЛК е дека иста за човековото тело е достапна само преку внесување на одредени продукти во исхраната или преку додатоци во исхрана.

Најдобриот начин на кој користењето на маслото од жолто ноќниче кој дава најдобри резултати во превенцијата на губењето на коса е доколку истото рутински се нанесува на самата коса. Се препорачува континуирано користење во текот на 2 месеца. Иако се смета дека е безбедно и сигурно за употреба, користењето на маслото од жолто ноќниче сепак кај некои луѓе има и негативни ефекти, како мачнина во стомакот или главоболка. Ваквите негативни ефекти се јавуваат најчесто кога маслото се користи во прекумерна доза. На луѓето кои страдаат од опаѓање на коса она што им е потребно се повеќе витамини кои токму маслото од жолтото ноќниче може да им ги обезбеди. На пример, ако некоја жена губи повеќе коса во споредба со својот колега; мажот, тоа може да е резултат на претераната конверзија на тестостеронот во дихидротестостерон во фоликулите на влакната. Маслото од жолто ноќниче е и повеќе од доволно способно да дејствува како инхибитор за оваа конверзија. Значи маслото од жолто ноќниче може да биде добра превентивна и поправна мерка при проблеми со опаѓање на косата.

Сега кога ги откривме и научивме својствата кои се кријат зад маслото од жолто ноќниче кои го прават да биде толку ефективно во превенцијата од губење на коса, ајде да научиме и како најдобро да ги искористиме нивните неверојатни придобивки.

Како се користи маслото од жолто ноќниче?

Маслото од жолто ноќниче е способно да навлезе длабоко во сите слоеви на косата и да си го пробие својот пат на дејствување почнувајќи од коренот на косата. Но мора да се внимава пред истото да се нанесе на косата. Следете ги овие едноставни чекори за да бидете сигурни дека ќе имате одлично искуство при користењето на маслото од жолто ноќниче.

  • Најдобриот и наједноставниот метод за нанесување на маслото е дирекно врз скалпот.
  • Потрудете се ова да го правите континуирано и рутински барем во текот на една недела.
  • Откако ќе го нанесете маслото на вашата глава, оставете го да дејствува одредено време за да може убаво да навлезе во косата.
  • Постои и уште еден ефективен метод на користење на маслото од жолто ноќниче и тоа во форма на капсули или таблети.
  • Дури и да пропуштите една доза од маслото од жолто ноќниче во текот на неколку дена, нема да имате причина за загриженост затоа што може да го продолжите внесувањето на ова масло на оптимално ниво.

Маслото од жолто ноќниче се покажало како ефективно и во борбата со перутот и со други слични бактериски и габични инфекции.

Идеалната доза е околу 500 мг двапати на ден. Конзумирањето на маслото од жолто ноќниче може да има големи превентивни ефекти и во ситуациите со хормонална нерамнотежа. И покрај тоа што е можно резултатите да не се појават за многу брзо време, сепак најважното нешто е да се биде трпелив и да се остане смирен. За видливите резултати сепак е потребно повеќе време.