Многу е лесно да приметите дали децата се чувствуваат добро во врска со себе, но исто така и кога не се чуствуваат на овој начин. Ова “добро“ мислење за себе го нарекуваме “самопочит“.
Деца кои имаат здрава самопочит се:
- Имаат чувство на вредност и прифаќање
- Имаат самодоверба дека можат да ги остварат работите како што се очекува
- Се гордеат кога работата добро ја завршиле
- Добро се чувствуваат во врска со себе
- Подготвени се за секојдневните предизвици
Деца со ниска самопочит и самодоверба се:
- Критички се настроени кон себе
- Несигурни се или не се однесуваат добро со другите деца
- Се фокусираат на моментите кога не успеале, отколку на моментите кога успеале
- Мала самодоверба
- Се сомневаат во нивните способнисти дали ќе ги направат работите како што треба
Зошто самопочитта е важна
Кога децата се чувствуваат добро во врска со себе, тоа ги носи во успех – од школо до пријателства. Позитивните чувства како прифаќање на себе си и самодоворба им помага на децата да се справуваат со предизвиците, полесно да се соочуваат со грешки, и повторно да се обидуваат. Самодовербата и верување во сопствените способности им помага да го извадат и направат најдоброто од нив.
Од друга страна, децата со ниска самопочит најчесто се чувствуваат несигурни во себе. Доколку мислат дека нема да бидат прифатени од другите, нема ни да партиципираат ниту да пробуваат да се вклучат. Најверојатно ќе дозволуваат лошо да бидат третирани од другите и тешко ќе се справуваат со такви ситуации. Од децата од кои не се очекува да биде работата добро завршена ќе избегнуваат предизвици, лесно ќе се откажуваат и потешко ќе учат од грешките.
Ниската самопочит може да го блокира успехот. Децата имаат стрес од тоа како да се соочат со секојдневните предизвици.
Како се развива самопочитта
Баш спротивно на мислењето, самопочитта не се создава кажувајќи им на децата колку се прекрасни, единствени, најдобри (и покрај мислењето дека се!). Ставањето на детето на пиедетстал и давајќи му трофеј не помага во развивање на неговата самопочит. Кога децата се натпреваруваат – победуваат или губат, воочуваат дека нивниот труд прави разлика. Добивање на награда придонесува кон развивање на самопочит, но само кога детето знае дека ја заслужило.
Самопочитта е резултат од искуства кои помогнале на детето да се чувствува способно, ефективно и прифатено.
- Кога децата учат да прават работи за себе и се чувствуваат горди на направеното тие се спопобни
- Децата се чувствуваат ефективни кога воочуваат дека работите произлегуваат од направените напори, трудејќи се, приближувајќи се до целта, и правење чекор понатму
- Кога децата се прифатени и разбрани од родителите или блиските, многу веројатно е дека и тие ќе се сакаат и прифаќаат онакви какви што се. Позитивното мислење за себе се мултиплицира дополнително кога родителите им укажуваат помош на своите деца кога им треба, им даваат подршка и ги охрабруваат и го забележуваат нивното добро однесување и навики.
Како родителите можат да придонесат за создавање на самопочитта
Самопочитта се здобива со време. И доколку е на ниско ниво, може да се подигне.
Овие неколку работи може да ги придонесат родителите:
- Помогнете му на Вашето дете да научи како да ги прави работите. На секоја возраст има по нешто ново да се учи. Дури и за време на бебешкиот период се учат работи како држење на чаша, или кога се прават првите чекорчиња. Како растат децата, учењето како да ја облечат облеката, читаат или да возат точак се одлични можности за самопочитта да започне да се создава.
- Кога го учите Вашето дете како да ги прави работите, прво покажете како вие би го направиле тоа. А потоа оставете го само да ја направи работата на свој начин и оставете го да згреши. Оставете простор на Вашето дете да научи, проба, а и да се чувствува гордо. Не им поставувајте претешки задачи и предизвици, но не и премногу лесни.
- Пофалете го Вашето дете, но направете го тоа мудро. Се разбира, добро е да го пофалите своето дете. Пофалбата е начин да покажете дека и Вие сте горди исто така. Но истражувања покажуваат дека пофалувањето може да има и спротивен ефект.
Еве како правилно да го пофалите детето
Избегувајте претерани пофалби кон детето. Пофалбата не изгледа заслужена, ако не е вистинска. На пример, му кажувате на детето дека одиграло одлиен натпревар иако тоа знае и чувствува дека не ет така. Подобро е да кажете; “Знам дека ова не беше најдоброто од тебе, но сите имаме и такви денови понекогаш. Се гордеам со тебе што не се откажа“. Додадете нота на самодоверба, “Утре е нов ден, ќе бидеш подобар“.
Пофалете го трудот на детето, отколку неговите квалитети. Избегнувајте пофалби кои се фокусираат на резултатот (на пр. 5 по математика) или на неговите квалитети (на пр. колку си паметен). Пофалби од овој тип може да водат кон тоа детето да не прифаќа предизвици кои би можеле да ја “загрозат “ репутацијата на добивање пофалби за се.
Поради ова, пофалбите упатувајте ги за вложениот труд, прогресот и ставот. На пример: “Напорно работиш на проектот“, или “Се подобар и подобар си на тестовите во училиште“, или “Многу сум среќна што вежбаш пијано секојдневно“. Овие типови пофалби ги охрабрува децата да вложуваат напор за работите, да работат кон остварување на цели и да се обидуваат. Кога децата го прават ова многу е веројатно дека ќе успеат.
- Бидете добар пример. Кога вложувате напор во секојдневните задачи (на пр. собирање лисја, подготвување оброк, миење на чинии, или миење на колата) покажувате добар пример. Вашето дете учи да си ја пишува домашнат азадача, ги чисти играчките, си го мести креветот.
Ставот е исто така многу важен. Кога ги завршувате обврските без мака, (или без негодување колку тешки задачи и обврски имате), и Вашето дете го го прави истото. Кога ги избегнувате задолженијата или си препишувате преголема заслуга за завршената работа, и детето го учите на истото.
- Суровиот критицизам кон детето е забранет. Коментарите упатени кон детето од другите ги доживува на начин како слика за самото себе. Острите зборови (“Многу си мрзлив“) се штетни и демотивирачки. Кога децата слушаат негативни зборови и коментари за себе, истите чувства ги имаат за сопствената личност, а и така се однесуваат.
- Фокусирајте се на нивните квалитети и предности. Обрнете внимание што Вашето дете прави добро и кон што има убави чувства. Овозможете му на детето да ги развива овие негови особини и квалитети. Фокусирајте се на одредените работи кои го прават детето среќно кога ги прави и негувајте ги, а не се фокусирајте на неговите слаби страни ако сакате да се чуствува добро и да го дава најдоброто од себе.