Со само неколку состојки можете да добиете вкусен, а здрав ручек.
Комбинација на домати, босилек и стопено сирење ретко на кого нема да му се допадне.
Ова медитеранско јадење можете да го послужите и како главно, ако сакате лесен оброк.
За негова подготовка потребни ви се само 30 минути.
Состојки:
- 6 домати
- 1 лажица маслиново масло
- ¾ шолја издробено фета сирење
- Насецкан свеж босилек и магданос
- Сол и бибер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги врвовите на доматите и со лажица издлабете ги. Врвовите сочувајте ги на страна.
Измачкајте стаклен сад за печење со маслиново масло и доматите рамномерно распоредете ги.
Во посебен сад измешајте ги фета сирењето, босилекот и магданосот. Смесата ставете ја во доматите. Зачинете со сол и бибер и прелејте ги малку со маслиново масло.
Поклопете ги со врвовите кои на почетокот ги исековте и печете 10-на минути додека доматите не омекнат, а сирењето да се стопи.