Навики во исхраната кои треба да ги стекнете по 40 – тата

Стареењето не мора да значи и добивање на килограми. Иако жените имаат тенденција да добиваат на тежина во четвртата и петтата деценија од животот, до тоа доаѓа повеќе поради слабиот карактер отколку поради хормоните. Сепак, хормоналните промени може да влијаат на формата на телото, па сите килограми кои ги добивате во тие години се сместуваат околу стомакот.

1. Јадете риба

Ризикот за заболувања од срцеви болести е поголем после менопаузата, па затоа барем два пати неделно се препорачува да јадете риба. Ако е невозможно да јадете риба тогаш пробајте со суплементите од рибино масло. Прелиминарните истражувања покажаа дека рибиното масло може да помогне во превенција од рак на градите

2. Внимавате на линија 

Ако имате неколку килограми вишок пробајте да ги отстраните, бидејќи со тоа ќе ја олесните и менопаузата. Слабеењето, покрај тоа го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак на градите, а исто така може да им помогне на дебелите жени кои имаат топлотни удари. Едно истражување покажа дека жените во постменопауза кои се на диета сиромашна со масти, а богата со јаглехидрати од овошје, зеленчук и житарки се помалку склони кон повторно дебелеење.

3. Калциум за силни коски

После 50.години зголемете ја дневната доза на внес на калциум. Наместо 1000 милиграма внесувајте 1200 милиграма. Со оглед на тоа дека естрогенот во оваа возраст е помал, вашите коски не го впиваат калциумот како претходно. Ако јадете млечни производи изберете ги оние со помалку маснотии кои содржат отптилика исто ниво на калциум како и полномасните видови, но имаат помалку калории.

4.Ослободете се од надуеност

Голем број на жени кои се во период на менопауза имаат проблеми со надуеност. Иако причините за ова не се во целост објаснети сепак промените на хормоните во текот и пред менопаузата може да имаат влијание. Намалете го внесот на сол и преработени јаглехидрати бидејќи поради нив водата се задржува во организмот. Немојте да ги скокате житарките богати со влакна кои се добри за срцето, ни овошјето и зеленчукот.

5. Помалку алкохолни пијалоци

Црвеното вино е здраво за срцето, но воздржувањето од алкохол за жените во менопауза може да има повеќе предности од задоволството во пиењето. Еден пијалок на ден поврзан е со зголемен ризик од појава на рак на градите тврдат научниците. Доколку сакате да испиете една чаша вино разредете ја со вода, а со тоа ќе заштедете и на калории. Имајте на ум дека црвеното вино и другите пијалоци можат да ги поттикнат топлите бранови кои настануваат како последица од алкохолот, предизвикувајки ширење на крвните садови.

6. Пробајте леден чај од билки

Филџан топло кафе или чај можеби е дел од вашите вообичаени навики. Сепак започнувањето на денот со топол напиток за време на менопаузата и не е најдобра идеја. Топлите пијалоци ги потикнуваат топлите бранови, а кофеинот во кафето и чајот може да влијае на ист начин. Заменете го утринското кафе со пијалок кој е ладен и по можност да не содржи кофеин.