За 12 недели до совршено тело – Вистинска приказна на Лојд Стивенс

Благодарение на канцелариската работа и работното време кое не дозволува редовни тренинзи, 35-годишниот Лојд Стивенс се соочил со проблемот на вишок килограми.

– Иако, тој си имал ветено дека никогаш нема „да се запостави“. Сепак кога овој човек од Лондон ја надмина 30-та година, започнал да се дебелее. Тоа започнало да го прави многу несреќен. Еден ден кога ја видел својата фотографија од одмор на која, како што вели изгледа многу дебело, решил да се промени и излежувањето и прејадувањето да го замени со строг режим на диета во траење од 12 недели, пишува Daily Mail.

За само три месеци, Лојд загубил 12 килограми и стомакот го заменил со стомачни мускули. Таа трансформација му овозможила да ја напушти старата работа и стане познат тренер.

Секако, не мораме посебно да истакнуваме дека вака брзиот успех се должи на напорното тренирање и строгиот режим на исхрана.

– Исхраната е клучен фактор на мојата трансформација. Порано се обидував со комплицирани диети, кои на телото не му давав тоа што му е потребно. Многу подобро е да се поедностават своите навики. Кога само ќе се навратам наназад и ќе се сетам што беше тоа што го нарекував здрав појадок. Многу е важно да се внесува овошје, зеленчук, бело месо, но и да се вежба, т.е. „да се испоти задникот“, низ смеа раскажува Стивенс

Тој вели дека порано неговиот појадок се состоел од житарки и банани, ручекот вклучувал сендвич, салата и сок, а за вечера секогаш јадел некои тестенини. Секако, тука имало и закуски, грицки или слатки.

Новата трансформација му помогнала да го промени и социјалниот живот, па сега е во врска со девојка која ја запознал во текот на тренинзите и се меѓусебна поддршка.

– Да ме прашавте пред пет години, никогаш немаше да помислам дека ќе изгледам вака, а камо ли и дека на други ќе им бидам пример да изгледаат како мене, вели Лојд.