При изборот на најдобрите производи која ја поддржуваат функцијата на тироидната (штитна) жлезда, потребно е да се ограничи внесувањето на храна богата со гоитрогени (goitrogen) во корист на храна која и помага на тироидната жлезда.
Тоа е особено храна богата со витамин Б и железо, овошје и зеленчук богати со антиоксиданси, алги, посно месо, риба, грав, маслиново масло и растително масло. Храна богата со витамин Б и помога на тироидната жлезда. Тоа се црниот дроб, мисирка, телешко, бразилски ореви, компири, леќа, црн грав и кефир. Свежиот зеленчук богат со железо, исто така, поддржува функцијата на тироидната жлезда.
Овие вклучуваат цвекло и магдонос. Целите житарици, исто така, и помагаат на тироидната жлезда. На пример леќа, кафеав ориз, јачмен, просо, пуканки, див ориз, овес и интегрално брашно. Конзумирање на морските растенија, како што се алгите, советува д-р Едвард Бауман, на Универзитетот за природна медицина во Санта Фе, Ново Мексико. Проблемите со тироидната жлезда често се предизвикани од слободните радикали. Од друга страна, храна богата со антиоксиданси нè штити, односно производството на тироидните хормони од кои зависат многу важни телесни функции. Кој сака здрава тироидна жлезда треба да јаде свежо овошје и зеленчук, како боровинки, домати, цреши, тиквички и пиперки. Но брокула, карфиол, зелка, семе од репка, кељ, репа, келераба и бриселско зелје може да имаат гоитрогеничен ефект.
Иако овие растенија се здрава храна во многу други аспекти, тие содржат одредени состојки кои може да и ја попречат функцијата на тироидната жлезда. Ако ги јадете во големи количини, оваа храна може дури и да ја намали апсорпцијата на хормоните на тироидната жлезда. Сепак, ако ги јадете варени, по можност најдобро на пареа, не сирови, гоитрогеничниот ефект се намалува или исчезнува. Посно месо, риба од студените мориња, лен и грав обезбедуваат корисни протеини и помагаат во одржување на здравјето на штитната жлезда. Органската храна се особено добар избор поради тоа што не содржат одредени стероиди и хормони кои може да ја намали природната продукција на тироидните хормони.
Омега-3 масните киселини се важни за тироидната жлезда. Туна и лосос се добри извори кога станува збор за уловена риба во морето, а не оние одгледувани во рибници. Всушност, за рибата да има омега-3 масни киселини рибата треба да јаде алги.
Ленено семе и помага на тироидната жлезда ( сомелете го во кафе-мелница и ставете го во јогурт, салати и супи ). Во готвени јадења, додадете го по зготвено јадење, но не пред тоа. Според советите кој доаѓаат од Универзитетот во Мериленд, изборот на здрава масло за јадење е од суштинско значење за тироидната жлезда. Маслиново масло и канола маслото се добри избори.
Ако веќе имате проблем со тироидната жлезда, пред да изберете било која од овие храни, консултирајте се со вашиот матичен лекар или специјалист.