Рецепти за деца: сок од јаболка и морков

Ви претставуваме рецепт за деца…Еве како може да направите сок од јаболка и моркови:

Состојки :

-неколку моркови од средна големина

-една поголема или две помали јаболка

Подготовка :

Јаболката и морковите добро измијте ги. Најдобро е морковите да ги исчистите од горе кон надолу. Јаболката излупете ги и исчистите од семки. Изрендајте ги во истиот сад. Оставете ги поклопени да отстојат за да пуштат сок јаболката и морковите. Промешајте и исцедете ги заедно низ стерилна газа.

Овој витамински сок е пожелно да се направи веднаш по појадокот на бебето, за да биде спремно за предпладневна ужина.

[rpi]

Ако бебето не го испие целиот сок во текот на предпладнето, дадете му уште еднаш пред ручекот. Не дозволувајте бебето испие повеќе од 50 мл сок пред ручекот, така ќе го изгуби апетитот.

Совет :

Ако вашето бебе има послаб апетит, понудете му чист сок од јаболка еден час пред ручек, затоа што јаболката го отвора апетитот.