Исхраната на база на зеленчук, овошје и житарки го чисти организмот и ги намалува килограмите. Земете цеден овошен пијалак без шеќер, а потоа за доручек овошје по ваш избор.
Зелената диета по принципот на лакто-вегетаријанска исхрана за оние кои би сакале, пред се, да се исчистат од отрови, а покрај тоа и да ослабат некој килограм. Со оглед на тоа дека е богата со диетални влакна, оваа диета го забрзува варењето и додатно ќе го регулира холестеролот. Освен тоа, богата е со витамини и минерали кои се неопходни за моќен имунолошки систем.
Производи на кои се базира зелената храна се овошје, зеленчук, житарки, компир, сирење без масти и млеко. Мешункастите производи, како грав, леќа и соја ретко се внесуваат, а месо, јајца и риба, односно протеините се забранети. Тоа е и маана на овој режим на исхрана, бидејќи нискио внес на протеини може да доведе до слабеење на имунолошкиот систем и послаби синтези на клетките. Затоа е најдобро да се консултирате со лекарот пред да се одлучите на оваа диета и да не ја применувате повеќе од три дена.
Денот најдобро ќе го започнете со овошје, и тоа цедено без шеќер. За доручек јадете овошје по ваш избор или мешана овошна салата. Овошната салата е одличен избор и за ужина, а за да биде уште повкусна можете да ја зачините со билки како цимет, нане или мускатни оревчиња. Предпладне земајте само овошје.
Во текот на диетата се препорачува внесување на житарки, особено јачмен, просо, пченка и хелда. Најдобри се интегралните житарки, бидејќи кај нив се задржува надворешниот омот кои содржат витамини Б, минерали и диетални влакна.
[rpi]
Житарките носат најмногу енергија во оваа диета, како и компирот (исклучиво варен), а и двата производи земајте ги во своите главни оброци.
Ручекот е најдобро да се започне со сок од свежо овошје. Задолжително, во склоп на тоа, послужете варен интегрален ориз или компир. Можете да ги комбинирате со зеленчук (варен или варен на пареа) во неограничени количини. За подготовка користете само вода, без масло или било какви други масти.
Секој ден со ручекот послужете се со една голема салата од разноврсен зеленчук (по избор). Вкусната комбинација ја сочинуваат зелена салата, ротква, домати, свежа краставица, морков, зелка кои можете да ги дополните со парче тост или со интегрален леб. Вечерата исто така започнете ја со свеж сок од зеленчук.
Не заборавајте ја важноста на скојдневното консумирање на свежо овошје. Многу здрави се бобинките, како малини, капини, боровница, рибизли, а освен нив и вишни, јаболки, крушки, ананас, портокали, лимони, мандарини, киви. Од останатите овошја бидете внимателни со бананите бидејќи содржат повеќе скроб, енергија и калории. Можете да ги јадете, но во умерени количини. Јадете овошје, само со тоа што помеѓу овошката и дуриот оброк треба да помине барем половина час.
Млекото и млечните производи со помалку масти (јогурт, кисело млеко, кефир) исто така, јадете ги како посебен оброк.
Понекогаш оброкот може да се надополни со свежо сирење или некој друг вид немрсно сирење. Наведеното е добро да се комбинира со зеленчук, најдобро во облик на салата.
Пример за мени
На гладен стомак: една чаша свежо цеден овошен сок
Доручек: овошна салата со половина лажичка мед
Ручек: една чаша сок од домати, чорба од морков со парчиња од тиквичка и интегрален ориз, намачкано парче тост со свежо сирење, салата од свежа зелка.
Ужина: еден јогурт
Вечера: чаша сок од морков, шопска салата
