Го најдовте човекот, го добивте прстенот, среќни сте до плафон и сакате таа среќа да ја споделите со најблиските. Но, како и секоја идна невеста, сакате да бидете уникатна, креативна и шик. Секако, целата свадба е едно големо сликарско платно почнувајќи од местото, до венчаницата, до поканите, па така и за храната. Главното јадење и салатите ќе ги оставиме на вас, а за слаткото бифе засладете ги очите и венчавката со овие неколку фотографии. Па, се надеваме дека ве инспирираме!