Избелете ги забите со 3 секојдневни состојки

Посакувате холивудска насмевка? Со помош на овие три состојки ќе го постигнете токму тоа.

  • Сода бикарбона
  • Куркума (билка од азиско потекло)
  • Кокосово масло

Куркумата е интересна билка од азиско потекло, која е позната по тоа што остава дамки на буквално се. Но, во оваа природна паста за заби, во комбинација со сода бикарбона и кокосово масло, неверојатно ги чисти и белее забите.

Подготовка:

  • 4 лажици куркума во прав
  • 2 кафени лажици сода бикарбона
  • 2 – 3 лажици кокосово масло

Употреба:

Измешајте ги состојките додека не добиете паста. Четкајте ги нормално забите. Добро исплакнете.

turmeric