Парите не го прават стилот. Ако се уште се сомневате во ова, овие девет совет ќе ве уверат дека за добар изглед не е потребно многу пари.
1. НОСЕТЕ ЦРНО
Бојата која најдобро ги крие знаци на ограничен буџет е црната боја. Таа е решението кога ќе ви недостасуваат пари за сите трендовски бои и шари.
2. SPANDEX ВЕ СПАСУВА
Евтините фустани и здолништа обично немаат квалитетни постави, но тие откриваат повеќе од што сакате. За да го спречите ова, купете „спандекс“ шорцеви.
3. ЧЕВЛИ ОД ЕКОАНТИЛОПА
Вештачката кожа често не изгледа добро на нозете. Затоа избирајте чевли од екоантилопа, тие оставаат многу подобар впечаток.
4. ВРАТЕТЕ ГИ КОПЧИЊАТА
Вистинското копче на вистинско место ќе направи чудо за вашиот изглед. Костумите и сакоата со пластични копчиња ќе изгледаат значително поразлични, ако на нив ставете квалитетни копчиња, на пример, златни со посебни украси.
5. НАЈДЕТЕ ДОБАР КРОЈАЧ
Ако поради недостаток на пари, сте купиле облека која по број или крој не ви одговара, спасот е во кројачот, кој за малку пари, може да направи најдобри промени во гардеробата.
6. ИЗБЕРЕТЕ ЕДНОСТАВНИ ТОРБИ
Ако се одлучите за поевтини торби полни со детали, ќе погрешите. Подобар избор ќе направите ако купите торби со помалку украси, хит е торба со мали метални детали.
7. ПЕГЛА НА ПАРЕА
Самите знаете дека ниските цени значат и лоши материјали кои брзо се гужваат. Најбрзиот начин брзо да ги средите брчките е пеглата на пареа, која ги отстранува за миг.
8. НЕ ГО ЗАБОРАВАЈТЕ ЧЕВЛАРОТ
Чевлите со високи потпетици задолжително однесете ги на чевлар за да го смени дотрајаниот врв на потпетиците, на тој начин, на чевлите можете да им го „продолжите векот“.
9. РЕМЕНОТ Е ВАЖЕН
Кога ќе заштедите пари со купување на евтини палта или јакни, можете да си дозволите да купите малку поскап ремен, кој е далеку поевтин од горе споменатите облеки, кои обично доаѓаат со „проблематични“ ремени. Со вистински ремен вашата јакна или капут ќе изгледаат совршено.