8 промени на исхраната за здраво срце

Промената на она што го јадете и пиете може да биде на врвот на листата на работи што можете да ги направите за да му помогнете на вашето срце. Повеќето стратегии за исхрана се направени поради губење на тежината, бидејќи дебелината може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Изберете спанаќ наместо марула

Побарајте овошје и зеленчук кои се полни со влакна и хранливи материи. На пример, изберете потемен наместо посветол зеленкаст зеленчук како спанаќ, зеленчук базиран на вода како марула

Изберете зелен чај наместо еспресо

Дадете му одмор на вашето тело со намалено внесување на кофеин. Започнете со намалување на кофеинот кој го пиете. Намалете ги чашите кафе кои ги пиете или изберете пијалак со помалку кофеин, како што е зелениот чај, во споредба со еден пијалак со многу кофеин, како еспресото. „Се разбира, станува зборува за големината на пијалакот. Еден од полесните начини да се намали количеството на внес на кофеин, е да се избере помала шолја кафе, топло чоколадо, или топол чај.

Изберете екстра девствено маслиново масло наместо заситени масти

Вашето срце ќе го заштитите избирајќи здрави масти наместо заситени масти. „Лошите“ масти, заситените масти се цврсти на собна температура. Екстра девственото маслиново масло особено може да има заштитен ефект, намалувајќи го ризикот од кардиоваскуларни заболувања, според едно истражување кога е во прашање циркулацијата. Ако ви треба масло кое има помалку интензивен мирис и вкус од маслиновото масло, обидете се со канола.

Изберете јаткасти плодови наместо чипс

Јаткастите плодови, особено оревите, содржат здрави масти се борат против воспаление и го заштитуваат вашето срце. Значи секогаш кога ќе сакате крцкава ужина, посегнете по една порција ореви наместо чипс или други солени закуски. Или, обидете се со солена ужина комбинирајќи пуканки, ореви и суво овошје.

Изберете авокадо наместо мајонез

Во потрага сте по совршен додаток за сендвич? Пире од авокадо е вкусна замена за мајонез и ги содржи здравите масти кои се борат против воспаление и може да помогне во заштита на вашето срце. Може да додадете малку сол, бибер, лимонов сок, црвен пипер или други ароми за да му дадат на авокадото пикантен удар. Авокадото ги обезбедува хранливите материи и растителните влакна кои нема да ги добиете од мајонезот.

Изберете грав наместо масни парчиња месо

Вклучувајќи ги протеините и здравите масти во вашиот оброк, ќе ви помогнат да се чувствувате заситени подолго време, но бидете мудри кои протеини ќе ги одберете. Дури и црвеното месо може да биде дел од вашата исхрана и до три пати неделно, ако ги намалите мастите готвејќи го месото на начин на кој ќе ги отстраните маснотиите. Или, размислете за алтернативи без месо, како што се грав или зеленчукова плескавица наместо плескавица од говедско месо. Обидете се со рецепт од црн грав за да ги намалите мастите.

Изберете зачини наместо сол

Секој може да има корист од намалување на солта во исхраната. Ова е особено важно за луѓе со било каков проблем на срцето. Земајте не повеќе од 1500 милиграми на натриум дневно, но не ја намалувајте солта набрзина. На пример, колку повеќе готвите храна дома, имате повеќе контрола со количината на сол во вашата исхрана. Ако имате желба за некој вкус, обидете се со додавање на зачини или сок од лимон наместо сол.

Изберете лимон наместо алкохолни пијалаци

Стиснете лимон во чаша сода и мраз или обидете се со девствен пијалак наместо да пиете алкохол.