7 намирници за здрава простата

Речиси 50 % од мажите над 50 години се соочуваат со зголемена простата или бенингна хиперплазија на простатата. На 80 годишна возраст, речиси 90 % од мажите живеат со ова заболување.

Добрата вест е тоа што храната богата со одредени витамини и минерали го одржува здравјето на простатата, намалувајќи го ризикот од доброќудна хиперплазија на простатата (БХП). Од друга страна, прекумерната тежина е уште еден сериозен ризик фактор кој ја предизвикува оваа болест. Затоа, клучно е вашиот избор на храна да биде здрав и да изобилува со хранливи материи и влакна, бидејќи така истовремено ќе одржите здрава телесна тежина и ќе го сведете ризикот од БХП на минимум.

Покрај изобилство на зеленчук и овошје, на менито задолжително вклучете ги овие 7 намирници:

Сусам

Сусамот е богат со цинк. Минералот е есенцијален за здравјето на простата тврдат студиите. Мажите кои страдаат од доброќудна хиперплазија на простатата (БХП) – неканцерозно зголемување на простатата или од рак, имаат ниско ниво на цинк во организмот, честопати и 75 % помало од пациентите со здрава простата. Покрај суплементите и сусамот, на располагање ги имате и изворите како бадем, семки од тиква и некои видови грав.

Лосос

Гојазноста го зголемува ризикот од зголемување на простатата, тврдат од Mayo Clinic. Една студија тврди дека спасот е во зголеменото внесување омега-3 масни киселини и вежбање со цел мажите да го контролираат покачувањето на тежината, но и да ослабат. Лососот е богат со омега-3 масни киселини кои истовремено ќе ве заштитат од кардиоваскуларни болести, рак, ревматоиден артритис, воспаление и дебелеење. Ако не сте фан на риба, побарајте омега-3 масни киселини во чиа семето, ореви, лененово семе, масло од канола, а во сосем мали количини има и во сојата.

Бабури

Според Mayo Clinic, витаминот Ц игра клучна улога во борбата со зголемената простата. Бабурата е најбогата намирница со витамин Ц: 150 грама бабури содржат скоро 100 % од дневната потреба од витаминот. Други богати извори на витаминот што треба да ги вклучите во исхраната, се броколите, кељот, карфиолот.

Домати

Доматите се богати со ликопен, каротеноид кој им ја дава онаа неодолива црвена боја. Ликопенот го намалува ризикот од развој на рак на простатата, но корист имаат и оние кои страдаат од зголемена простата. Една студија тврди дека ликопенот всушност го забавува прогресот на болеста. Ликопенот го намалува и специфичниот антиген на простата кој е поврзан со болестите кои ја напаѓаат. Клучно е да го комбинирате ликопенот со храна која изобилува со масти како авокадо, јатки, путер, за да ја поттикнете апсорпцијата. Лубеницата, кајсијата, црвениот грејпфрут, папајата, се подеднакво добри извори на ликопен.

Темно зелен зеленчук

Зеленчукот го намалува ризикот од неканцерозно зголемување на простатата. Зелениот листен зеленчук и темно зелениот зеленчук се особено важни, бидејќи содржат антиоксиданти. Луѓето кои редовно јадат кромид и лук исто така имаат помал ризик да заболат од болеста. Лукот и кромидот се главните херои во народната медицина кои се борат со инфекциите подобрувајќи го имунитетот.

Тофу

Една постара студија сугерира дека изофлавоните во зрната соја го намалуваат растот на простата во случаи кога човекот има дијагностицирана доброќудна хиперплазија. Но, една скорешна студија вели дека сојата само го намалува растот на канцерогените клетки во простатата. Трета студија, пак, откри дека изофлавоните во сојата ги олеснуваат симптомите на долниот уринарен тракт поттикнати од доброќудна хиперплазија на простатата.