6 нешта кои ти ја уништуваат мотивацијата и ти го покачуваат стресот

Сите ние имаме навики и рутински правиме нешто, но токму некои од тие навики може да ни ја одземат мотивацијата, да го потхранат стресот и да не спречат да го искористиме до максимум сопствениот потенцијал. И да ги оствариме целите кои сме си ги зацртале.

Според стручните лица кои се занимават постојано со оваа тематика, овие 6 се едни од најчесто застапените токсични навики и навистина би си направиле услуга, кога би успеале да се ослободиме од нив.

1. Перфекционизам 

Ако самиот инсистираш се да е направено перфектно, тогаш голема е можноста дека никогаш нема да се чувствуваш доволно добро и со тек на време може да си ја загубиш и мотивацијата и чувството на оствареност и да западнеш во живот со премногу стрес.

И затоа помогни си додека се уште имаш време, со тоа што ќе почнеш да ги работиш работите најдобро што можеш, и нема да бараш од самиот себе, а и од другите нешто да е направено перфектно до најситен детаљ.

2. Неможност да си поставиш конкретна цел

Недостатокот на конкретни цели во животот, може да те обесхрабри и да не си мотивиран веќе за продуктивна работа. И затоа пред да започнеш со билошто, неопходно е прво да одлучиш што точно сакаш да постигнеш со тоа нешто, која ти е крајната цел?

Јасните цели му даваат на животот смисла, а на тој што го живее, мотивација.

3. Да бидеш неодлучен

Ако ти е страв да направиш билокаква одлука, тогаш голема е шансата дека никогаш не ќе стигнеш никаде затоа што тебе всушност ти е страв од неуспех.

Во овој случај би помогнало да си ставиш краен рок за донесување на одлука, и тоа според листата на приоритети.

Можеби ќе ти е потребно некое време за да го совладаш ова, но најважното нешто е да не се предаваш.

4. Неверување во себе

Повеќето луѓе имаат доволно мотивација само во почетокот на некоја работа.  Но, подоцна до израз доаѓа нивната несигурност и таа почнува да претставува и препрека, и е показател дека тие луѓе не веруваат доволно во себе.

За да се надмине оваа пречка, запомни дека безоглед што и да решиш да правиш ти мораш себе да се сметаш за доволно способен за да постигнеш билошто.

5. Недоволно одмарање

Без доволно одмарање, без доволен сон, може толку многу да се измориме што порано или подоцна ние стануваме неспособни за да се концентрираме на одредена задача и така ни се зголемува стресот, така и се губи мотивацијата.

6. Лесно губење на вниманието

Многу работи околу нас навидум личат многу привлечно, но токму таквите работи може да не спречат зададените цели да си ги оствариме навреме.

И токму за тоа мораш да дадеш се од себе, и да се фокусираш на она што мора да се заврши, да ги имаш на ум и приоритетите, и да не дозволуваш ништо да ти го одземе вниманието.

Успешното завршување на задачите и совладувањето на животните предизвици и препреки, ја зголемува самодовербата, ја зголемува мотивацијата за дополнителни и идни успеси и го држи стресот под контрола.

Покрај свесниот мисловен удар, зададете му уште еден индиректен, но подеднакво моќен удар на стресот. Многу е едноставно, почнете да пиете Dr. Viton Magnezan B6.

Магнезиумот има неверојатна моќ да ги опушти нервите и мускулите од стресниот товар и да ги нахрани за да работат во ваша полза. Штом ваквата состојба стаса до мозокот и тој ќе почне да се опушта и да размислува позитивно зголемувајќи ви ја продуктивноста. Генерално, целата состојба ќе ја корегира серотонинот кој ќе почне зголемено да се лачи.

За максимизирање на овие ефекти, Dr. Viton свесно го вклучи и главниот релаксирачки витамин Б6 кој од друга страна ќе ја забрза апсорпцијата на магнезиумот.

Секогаш кога стресот се обидува да ја загрози вашата мотивација, напијте се Dr. Viton Magnezan B6. Само после еден час вратете им се на задачите, продуктивноста чека на вас!

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)