6 навики во исхраната кои му штетат на црниот дроб

Си јадеш без размислување, како храната што ја внесуваш да не влијае врз твоето здравје?! Не одбиваш торта, а со тортата оди и газиран пијалок. За појадок обавезно некакво бело пeчиво, а ручекот не минува без пржено, бидејќи најбрзо се вклопува во твојот распоред.

Можеби повремено ќе почувствуваш грижа на совест што не вежбаш, но секогаш има нешто поинтересно да се прави од вежбањето, нели?!

Но, во ниту еден миг не се прашуваш како влијаеш врз твојот организам, особено врз црниот дроб!

Органот кој е задолжен за прочистување на телото од токсини е црниот дроб и во еден момент од животот станува презаситен и работи со намален капацитет, токму поради твоите гурмански задоволства.

Негрижата за црниот дроб често доведува до трајно оштетување на црниот дроб што резултира со цироза, изумирање на органот или канцерогено заболување.

Црниот дроб ќе го заштитиш со вистинскиот превентивен спој на состојки кои го содржи  Dr. Viton – Liver Detox, како и со правилна исхрана и навики.

Која храна го уништува твојот црн дроб и како?

Шеќери

Шеќерот е подеднакво токсичен за црниот дроб како и алкохолот, а создава двојно поголема зависност. Црниот дроб не секогаш може да го преработи шеќерот во форма на фруктоза, белиот шеќер, сирупите и вештачките засладувачи, па остануваат заробени во црниот дроб во форма на масти и по извесно време создаваат замастување на црниот дроб.

Газирани пијалоци

Меурчињата не се лоши само за фигурата, туку и за црниот дроб. Газираните пијалоци содржат високо ниво на засладувачи. За разлика од глукозата, која се трансформира во енергија, фруктозата мора да биде разложена од страна на црниот дроб. Во големи количини, резултира со таложење во црниот дроб, каде се претвора во масти, по што следи замастување на органот.

(Заситени и транс) масти

Пржени компирчиња, хамбургери, пица – превкусна храна која прави многу штета за твоето здравје. Оваа храна, но и готовите производи како преработени пецива, чипс, па дури и здравите гранола или протеински плочки и житарки, се богати со заситени и транс масти. Тие ги зголемуваат воспалителните процеси во телото и може да предизвикаат цироза.

Црвено месо

Црвеното месо е богато со протеини, но е вистински предизвик за твојот црн дроб. Разложувањето на протеините не лесна задача за црниот дроб, а вишокот протеини кои се таложат во црниот дроб, може да предизвикаат замастување на органот, како и заболување на мозокот и бубрезите.

Бело брашно

Лебот, без кој ретко кој може на нашето поднебје, е еден од причинителите за замастување на црниот дроб. Белото брашно се претвора во шеќери кога ќе се внесе во организмот, а шеќерот е тежок за процесирање и завршува како масти во црниот дроб.

Алкохол

Замастен црн дроб од алкохол се јавува кај 43% од случаите на заболување на црниот дроб. Ако практикуваш консумирање алкохол и барем малку си загрижен за црниот дроб, треба да престанеш со пиење веднаш. Алкохолот го оштетува ткивото на црниот дроб нанесувајќи му лузни (фиброза), што значително ја попречува неговата работа и може да доведе до целосно оштетување.

Што да направиш за да го спасиш црниот дроб?

Уште денес треба да ги смениш твоите прехрамбени навики и да го погледнеш црниот дроб од перспектива на Liver Detox.

Dr. Viton – Liver Detox нуди двојна заштита на црниот дроб, ја подобрува функцијата на органот, стимулира излачување жолчна течност, а со тоа помага поефикасно исфрлање на токсините надвор од телото. Препаратот има 13 високо квалитетни хербални состојки кои делуваат антиоксидативно и ја помагаат регенерацијата на клетките на црниот дроб.

Уживај во животот умерено, но заштити го црниот дроб со Liver Detox!

Dr. Viton – Liver Detox можеш да го купиш во аптеките на  Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Dr. Viton – Liver Detox можеш да го нарачаш онлајн на  https://alfalab.mk/proizvodi/liver-detox/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот ) и ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта.