Што го предизвикува високиот крвен притисок? Прво нешто што ви доаѓа на ум е многу сол, многу стрес и многу алкохол. Но, не сте баш во право. Постојат голем број на очигледни причини за висок крвен притисок, состојба која се среќава кај секое трето лице.
Истражувањата покажуваат резултати кои велат дека хипертензијата е речиси неизбежна со возраста, вели Клајд Јенси, шеф на кардиологија од институтот Блум во Чикаго.
Тој додава дека кога ќе дојдеме до 55 годишна возраст, ние имаме 90 отсто шанси да станеме хипертензивни, односно, со висок крвен притисок.
Ова не значи дека ништо не можеме да направиме во врска со тоа. Првиот чекор е да се промени начинот на живот, да ја намалиме тежината, да вежбаме, да се храниме диетално итн. Друга работа која може да помогне е да дознаеме како сме дошле во оваа ситуација и да ги погледнеме следниве фактори.
1) BPA (Бисфенол А – Карбонски базирана синтетичка состојка)
Ова е хемикалија која се користи во изработка на пластични шишиња и лименки. Истражувањата покажале дека изложеноста на оваа хемикалија е поврзана со срцеви заболувања и висок крвен притисок.
Намалете ја употребата на производите кои ја содржат оваа хемикалија. Таа лесно може од пластика да дојде во производи од ваков тип на пакување. Не внесувајте конзервирана храна. Наместо пластика користете порцелан, стакло или нерѓосувачки челик, кога служите топла храна или течност. Избегнувајте ја храната за микробранова печка која е во пластични садови.
2) ШЕЌЕР
Премногу слатки производи не е лошо само за вашата половина, но исто така и за крвниот притисок. Всушност, шеќерот може да му наштети на здравјето на срцето повеќе отколку солта. Една неодамнешна студија препорачува водичи за лекување на висок крвен притисок, кои се фокусираат на намалување на шеќерот. Тие најмногу од се ја обвинуваат фруктозата, шеќер кој се додава на повеќето преработени храни и пијалаци.
Американската организација за срце препорачува дневната доза на шеќер за жени да не надминува шест лажички, а за мажите девет лажички. Само еден газиран сок содржи девет лажички шеќер!
3) ‘РЧЕЊЕ
Се чини дека ова, навидум безопасно нарушување обично поминува без дијагноза и доведува до ‘рчење и немирен сон. Експертите велат дека кога вашето дишење е вознемирено, нивото на кислород во телото се намалува. Мозокот испраќа сигнали преку нервниот систем за да се зголеми нивото на кислород во мозокот и срцето, зголемувајќи го крвниот притисок.
Промените во животниот стил, како што се губење на тежината, операции за решавање на проблемот на ‘рчење, можат значително да му помогнат на вашиот сон и крвен притисок.
4) ОСАМЕНОСТ
Времето поминато со пријателите е поврзано со подобро здравје и живот. Спротивно на тоа, изолираноста е поврзана како со стресот, така и со високиот крвен притисок. Петгодишна студија од Универзитетот во Чикаго покажала директна корелација помеѓу осаменоста и високиот крвен притисок кај луѓе кои имаат повеќе од педесет години.
– Кога сте блиску до пријатели и имате социјална помош, се чувствувате подобро и поопуштено, вели експертот за пријателство, С. Левин, професор по психијатрија на Факултетот за медицина во Њујорк.
5) ТОПЛИ БАЊИ И САУНИ
Ова звучи убаво, особено кога надвор е ладно и кога имате воспаление на мускулите. Чувајте се од сауни и топли бањи, ако веќе го