5 јасни знаци дека твојот имунитет е паднат

Штом некој од твојата околина е болен, наредниот ден и ти си болен. Глава не можеш да кренеш од настинки, преморен си од пиење лекарства кои само ти го расипуваат желудникот и стомакот. И кога не си болен имаш чувство дека си, а тешко е да се живее и да се работи со такво чувство.

Кога само стресот е доволен за да те кутне во кревет со температура, а сонот не ти ги полни батериите, до имунитетот е. Но, како и многумина, најверојатно и ти го подзаборави летово.

За одново да можеш да сметаш на својата одбрана и да бидеш сигурен дека ниту вирусите ниту ниеден нов Ковид сој нема да те помести од тло, одново врати и се на твојата Spirulina San Sebastian.

Не експериментирај, не фрлај пари попусто за еден куп витамини, кога и сам знаеш дека Spirulina San Sebastian содржи се што е потребно за да го зајакнеш имунитетот. Оваа чудотворна алга ќе ја намножи армијата од клетки убијци во твоето тело, па тоа лесно ќе се одбрани од вирусите и бактериите со кои секојдневно се среќаваш.

Но, како да бидеш сигурен дека се соочуваш со паднат имунитет?

После стрес си болен

Не е случајно тоа што секогаш се разболуваш после напорен и стресен период на работа или дома. Истражувањата одамна потврдиле дека кога телото подолго време е изложено на стрес, имунитетот паѓа.

Под дејство на стрес се намалува бројот на лимфоцитите или белите крвни зрнца кои директно се конфронтираат со вирусите и бактериите. Колку е пониско нивото на лимфоцити, толку телото е посклоно да закачи вирус како вообичаена настинка.

Постојано си настинат

Она што се смета за нормална фреквенција на разболување  се две до три настинки во годината од кои треба да се опоравиш за седум до десет дена. Во текот на настинката, на имунитетот му се потребни 3 до 4 дена за да создаде антитела и да се избори со болеста. Но, ако шмркаш, кашлаш, киваш на секои два месеци, тогаш одбраната на твоето тело е ослабена.

Стомакот ти е расипан

Ретко кога можеш да му веруваш на стомакот и да се опуштиш со храната. Сите јадат бурек во ниедно време, но ти не смееш да ризикуваш бидејќи никогаш не знаеш што може да те снајде или пролив те фаќа или имаш грчеви, гасови, болки и запек. Твојот расипан стомак се должи на паднатиот имунитет, иако можеби никогаш не си се сетил овој симптом да го врзеш со оваа дијагноза.

Но речиси 70 % од имунолошкиот систем се наоѓа во дигестивниот тракт. Корисните бактерии и микроорганизми што живеат таму го чуваат стомакот од инфекции и го поддржуваат имунитетот.

Кога овие корисни цревни бактерии се на ниско ниво, телото автоматски станува склоно на вируси, хронично воспаление па дури и автоимуни нарушувања.

Често страдаш од инфекции

Воспалено грло, уво, јајчници, синуси… организмот постојано ти дава мотив да пиеш антибиотици кои уште толку ја ослабуваат твојата одбрана. Твојот имунитет е ослабен ако се соочуваш со повеќе од 4 инфекции во годината; ако во текот на годината два пати боледуваш од пневмонија (грип); страдаш од хроничен синузитис или се соочуваш со повеќе од три епизоди на бактериски синузитис за една година; годишно пиеш најмалку две кутии антибиотик.

Постојано си уморен

Уморот сам по себе не е индикација за паднат имунитет, но ако и после низа од квалитен сон и одмор не чувствуваш подобрување, тогаш веќе е симптом за ослабен имунолошки одговор. Пад на енергија, летаргија, намален фокус и концентрација, сите овие промени поттикнати од умор кој трае со месеци, даваат јасна слика за пад на имунитет.  

Всушност, имунитетот паѓа правопропорционално со енергијата од причина што телото се обидува да заштеди енергија за да го поткрепи имунитетот и да се избори со бактериите.

Имунитетот не се гради преку ноќ, а тоа е уште причина зошто ти треба токму Spirulina San Sebastian – нејзиниот состав од над 4.000 хранливи материи несомнено ќе резултира со забрзано и навремено поткревање на имунитетот.

За да не се разболуваш толку често, за да закрепнуваш од болестите екстра брзо, билдај го својот имунитет со Spirulina San Sebastian.

Spirulina San Sebastian – сите клучни витамини и минерали собрани на едно место

Spirulina San Sebastian може да ја набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети… во дрогериите на ДМ-дрогерии, Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчетo КУПИ ВЕДНАШ

Повелете со нарачка на 02 3218 821