30 најдобри производи за совршено рамен стомак

Најдобриот начин да се ослободите од мастите на стомакот е да држите здрава, ниско калорична диета  и многу да вежбате. Но, ако сакате да го забрзате процесот, обидете се да  вклучите некои од овие видови храна во вашата исхрана. Не само што тие го спречуваат задржувањето на водата во телото, туку, исто така, го намалуваат и вашиот апетит, го подобруваат метаболизмот и го продолжуваат чувство на ситост.

1. Бадеми – полни се со витамин Е и протеини, но и со влакна кои ќе  спречат да се  чувствувате  гладни. И покрај фактот дека се калорични, не придонесуваат за формирање на масни наслаги на стомакот.

2. Зелен зеленчук – кељот, зелената салата и спанаќот треба да се најдат во секој ваш оброк. Тие се ниско калорични, полни со влакна, витамини и минерали.

3.Овес – една порција овесни снегулки за појадок е вистинскиот начин на своето тело да му дадете енергија за целиот ден. Подолго време ќе бидете сити и ќе го намалите холестеролот.

4. Маслиново масло– поли незаситените масти како оние кои ги има во маслиновото масло го продолжуваат чувството на ситост, а маслиновото масло содржи и олеинска киселина која помага во топењето на мастите во телото.

tanned tight body

5.  Грав – секој грав содржи хранливи материи, како што се протеини и влакна, но има малку калории и полн е со енергија која се ослободува полека, што значи го продолжува чувството на ситост и ги јакне мускулите.

6. Пеперминт – познат е по своите корисни ефекти на дигестивниот систем. Најдобро е да го користите во вид на чај.

7. Зелен чај – му помага на телото да се ослободи од непотребните течности и го забрзува метаболизмот.

8. Јаболков оцет – доколку сакате брза детоксикација, додадете го во вашата исхрана, бидејќи ќе ви помогне да се ослободите од лошите бактерии во цревата, од водата и токсините.

9. Сок од брусница – богат е со витамин Ц, а има и одлични диуретични својства.

10.  Домати– вкусен зеленчук кој е богат со антиоксиданси кои ја спречуваат надуеноста и го подобрува лептинот, протеин кој ги регулира метаболизмот и апетитот.

woman beauty

11. Лук – секое чешне содржи антиоксиданси и природна хемикалија алицин, која ги уништува штетните бактерии и вируси.

12. Лути пиперки– му помагаат на организмот подобро да ги потроши мастите. Содржи бета каротин и двапати повеќе витамин Ц од препорачаното.

13. Банани – спротивно од општото мислење, ова овошје е добро за слабеење бидејќи содржи: цинк, калиум и влакна.

14. Лубеница – половина  лубеница содржи два пати повеќе калиум од бананите, ниско  калорични се и богати со антиоксиданси .

15. . Краставица – има слични карактеристики како лубеницата, бидејќи се од исто семејство. Тие се природен диуретик и ќе ви помогнат да ја спречите надуеноста.

16. Бобинки – полни се со антиоксиданси и растителни влакна, а имаат малку калории.

17. Цимет – овој сладок зачин го регулира нивото на шеќер во крвта така што го регулира производството на инсулин, а некои истражувања укажуваат на неговото големо значење во ослободувањето на вишокот енергија од масните клетки.

18. Ѓумбир– со векови, се користи како помош при варењето, поради тоа што има анти-воспалителни и антиоксидантни својства. Содржи и ензими кои помагаат во варењето на протеините.

19. Кафеав ориз – сложените јаглени хидрати, протеини и витамини кои ги содржи се прекрасни за топењето на мастите, а подобар е од белиот ориз, бидејќи е богат со витамин Б.

20. Кикирики – и покрај лошата репутација, неколку кикирики помеѓу оброците може да ви помогнат да не се прејадувате, а обезбедуваат протеини како и омега-3 масните киселини, растителни влакна и витамин Е.

21. Авокадо – го споредуваат со лутите зачини, бидејќи ја поттикнува работата на дигестивниот систем, но е богато и со  калиум, кој ја регулира рамнотежата на течностите, и магнезиум, кој го спречува запекот.

22. Семки од сончоглед – содржат влакна кои го продолжуваат чувството на ситост, како и витамин Е, протеини и сложени јаглени хидрати.

23. Ф’стаци – едни од најдобрите грицки кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот масни наслаги на стомакот, имаат помалку калории од многу други, а се богати со протеини, влакна и други есенцијални витамини и минерали.

24. Јогурт – природен пробиотик кој ослободува од надуеност во стомакот поради тоа што содржи бактерии кои го подобруваат варењето на храната . Одлучете се за јогурт со низок процент на масти.

25. Лосос- богат е со омега-3 и омега-6 масни киселини.

26. Ананас –  го зголемува процентот на ензими за варење со кои се намалува надуеноста, богат е со природен овошен шеќер, кој ќе ја намали желбата за слатки.

27. Црн бибер– едноставен начин за да ја спречите надуеноста на стомакот после јадењето е да додадете малку мелен црн бибер во јадењето.

28. Целер – одличен е за детоксикација, спречува задржување на водата во организмот и ги ослободува токсините од телото.

29. Пиперки– го смируваат дигестивниот систем, но го подобруваат метаболизмот. Богати се со витамин Ц и ја намалуваат желбата за слатки.

30.  Аспарагус – богат е со витамини А, Б комплекс, Ц и Е, и содржи цинк и калиум, кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот на течности.