3 ефикасни совети за одмор без стрес

Стресот за време на одморите е неизбежен, но еве три од најкорисните совети кои би можеле да ти помогнат, токму оваа година да имаш поубав одмор со помалку или без воопшто стрес!

Најди си време само за себе

Без оглед дали си на одмор или не си, според експертите тензијата може да ескалира кога сите ние се наоѓаме постојано во туѓиот простор. И затоа наместо да сме нон-стоп како прилепени едни за други, за доброто на сите неопходно е да си одвоиме неколку часа кои се резервирани само за нас подалеку од сите други.

Без оглед дали сме тргнале на долго патување со автомобилот, или минуваме долго време на плажа, или во некој спа центар, час или два самотија можат да им донесат мир и спокој на сите.

Експертите велат дека доколку навистина успееш да се дистанцираш од пријателите или членовите на твоето семејство со кои си на одмор, големи се шансите дека ќе им бидеш подобро друштво во моментите кои ги минувате заедно.

Исклучи се од сите електронски уреди

Кога конечно ќе најдеш време само за себе, многу е важно да си го искористиш паметно. Со други зборови,остани подалеку од сите видови на екрани и електрични уреди, не скролај со часови, туку најди си нешто со смисла, нешто продуктивно или едноставно нешто што те смирува и опушта.

Избери добра книга наспроти мобилен телефон, или ако немаш баш никаква идеја тогаш одмори се, отспиј.

Ако не си изморен отиди на прошетка, нема да се покаеш, зашто електронските уреди не вознемируваат, природата и физичката активност секогаш опушта и одмара.

Посвети повеќе време на грижата за себе

Одморите вообичаено се време кога посакуваме повеќе време да минуваме со другите луѓе. Па многу често нивните потреби ги ставаме пред сопствените.

Како и да е, експертите се согласуваат дека за намалување на стресот ние мораме првенствено добро да се грижиме за себе, и да ги задоволуваме прво своите потреби, и тоа не е себично туку е здраво.

И затоа, без никаква грижа на совест направи си нешто убаво само за себе, го заслужуваш тоа!

Кога си на одмор, закажи си професионална масажа или маникир или педикир.

Но, некои експерти велат дека добрата грижа за себе исто опфаќа и способност да се сакаш себе и да се ослободиш од сите оние работи и навики од кои немаш полза, како на пример да излезеш од токсично пријателство или да научиш да речеш не, или да се заложиш за себе и да се потрудиш прво да си ги задоволиш сопствените потреби и желби.

Ако и покрај овие совети не успеваш да дојдеш до мирот што толку многу го посакуваш, послушај ги сигналите на твоето тело и реагирај со суплементи. Не ти треба кој знае што, магнезиумот и Б6 се познати релаксатори на телото, но и на умот. Не ги пиј одделно, пиј ги одеднаш за да зададеш двоен удар на стресот што упорно сака да ти го загрози одморот. Плус, во комбинација витаминот ја подобрува апсорпцијата на минералот па ефектот е двојно поголем. Дали постои готова симбиоза на овие две на пазарот. Секако дека ДА! 

DrViton – Magnezan B6 е квалитетен додаток во исхраната, кој придонесува за нормален енергетски метаболизам, одржување на електролитен баланс, нормална психолошка функција и успешно ги намалува стресот, заморот и исцрпеноста.

Витаминот Б6 е најупотребуваниот антистрес витамин, бидејќи влијае врз неуротрансмитерите кои предизвикуваат чувство на депресија или анксиозност, може да го намали покачениот крвен притисок, и да го намали периферното физилошкото дејство на хормоните на стресот.

Редовната употреба на Dr. Viton – Magnezan B6може:

  • Да ти го намали стресот и напнатоста
  • Да ти ги релаксира умот и телото
  • Да ти обезбеди подобар сон

 

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)