Емпатите страдаат двојно повеќе од стрес! Дознај дали си еден од нив

Сигурно веќе си слушнал за луѓето емпати, но кои се тие?  И дали можеби и ти си еден од нив, а не си ниту свесен за тоа?

Објаснувањето е едноставно! Запрашај се дали:

  • Речиси постојано се чувствуваш напнато и под огромен стрес, а не ти е јасно што е причината.
  • Се соочуваш со чести и необјасниви промени во расположението.
  • Лесно се вознемируваш и расплакуваш.
  • Искрено сочувствуваш и се соживуваш со оние кои страдаат.
  • Сакаш да помогнеш и кога никој не ти бара помош.
  • Многу те погодува неправдата кон тебе и кон сите други.
  • Многупати се поставуваш како заштитник на обесправените.
  • Имаш неодолива потреба да се тргнеш настрана од сите, особено кога си опкружен со врева или се наоѓаш во место оптеретено со технологија.
  • Поголем дел од твојот живот си се чувствувал осамено или како да си поразличен од сите.
  • Многу ја сакаш природата и се што е живо.
  • Твоите чувства многу лесно може да бидат повредени.
  • Ако некој ти го скрши срцето, можеби години ќе се потребни за да престане да те боли и да му простиш.

Ако одговорот на повеќето, а можеби дури и на сите прашања е ДА, тогаш голема е веројатноста дека и ти си емпат!

Емпатите се исклучително чувствителни личности и таа преголема чувствителност, понекогаш и самите нив ги збунува , па порано или подоцна почнуваат да ја доживува како клетва.

Но, според стручните лица кои се занимаваат со оваа област, преголемата чувствителност може да се контролира, па дури и да се претвори во дар преку совладување на одредени вештини од страна на епматите. 

Но, да почнеме од почеток!

Според зборовите на д-р. Џудит Орлоф, психијатар, емпат и  најдобро продаван автор според Њујорк Тајмс (The Empath’s Survival Guide): „Емпатите се емотивни сунѓери кои во своите тела го абсорбираат стресот на другите луѓе“.

Д-р. Џудит Орлоф вели дека оваа состојба е збунувачка и тешка и затоа несебично им нуди различни техники за преживување на луѓето кои имаат навика да го преземат стресот и пропратните симптоми од другите, но истовремено имаат и огромна потреба да се ослободат од тоа.

Еве што советува д-р Орлоф за секој емпат да почне да живее посреќен и помалку стресен живот:

Не воздржувај се и слободно оддалечи се од она што те вознемирува

Д-р Орлоф верува дека емпатите имаат силна интуиција и штом се потпрат на неа и истовремено станат свесни за сопствените емоции во близина на некој или нешто (безоглед дали е човек или животно) ќе можат да постапат мудро и да одлучат дали да се повлечат.

Од нејзиното лично и професионално искуство, таа советува дека ако во близина на некој друг одеднаш се почувствуваш непријатно, би требало да се оддалечиш најмалку 6 метри и да видиш дали ќе почувствуваш олеснување.

Ако се почувствуваш посмирено и подобро, држи се понастрана, искористи љубезни зборови, најди некое оправдување, прави што ќе правиш, но оддалечи се и заштити ја својата енергија.

„Давањето себеси дозвола за оддалечување е акт на добра грижа за себе“, вели таа. Повлекувањето од одредени личности и ситуации не е воопшто себично, туку е повеќе од потребно за емпатот да може да го намали насобраниот стрес и да си ја обнови сопствената енергија.

Спротивно на ова, ако до некој или со некој ти е исклучително пријатно и приметуваш дека ти делува позитивно, те смирува, те развеселува, те подига, и искрено му се радуваш, задржи ја таа личност блиску до тебе.

Ограничи го физичкиот контакт. Запомни дека кого ќе го допреш или прегрнеш е твој избор! 

Емпатите треба да внимаваат и на физичкиот контакт со другите, оваа докторка во својата книга напишала: „Енергијата се пренесува преку очите и допирот. Ако ти е непријатно со некого, ограничи го контактот со очите и допирањето, како држење за рака или гушкањето“.

Затоа, обиди се да си го смириш умот, фокусирај се на сопственото чувство. Секогаш слушај ја својата интуиција, ако нешто не ти се чини во ред, тогаш едноставно не го прави тоа. Прати го твоето внатрешно чувство, сакај се себе, заштити се и остани подалеку од оној кој ти делува негативно и те влече надолу.

Постави здрави и цврсти граници во односот со луѓето

За да си проживее мирен и среќен живот, емпатот, порано или подоцна, ќе мора да постави здрави и цврсти граници во неговиот однос со луѓето.

На пример, ако приметиш дека некој ти ја црпи енергијата и те истоштува, или едноставно негативно влијае врз тебе, дистанцирај се целосно или контролирај го времето кео би го поминал со таа личност.

Ако некој ти ги повредува чувствата или ти се обраќа со груб и повишен тон, собери храброст и кажи си дека тоа ти пречи. Доколку личноста не го промени своето однесување, едноставно прекини ги контактите со неа, колку што е возможно.

Минувај повеќе време во природа 

Речиси и да не постои емпат кој не ја сака природата и најубаво и најопуштено се чувствува токму таму.

Затоа, колку што можеш повеќе минувај го своето време на чист воздух, опкружен со недопрена природа. За забразно и ефикасно ослободувањето од целиот насобран стрес, практикувај „вземјување“ така што ќе одиш бос или ќе си легнеш на земјата за да ја почувствуваш уште повеќе лекувачката моќ на планетата Земја. Истиот ефект се постига и со одење бос по плажа или потопување на нозете или целото тело во природен извор на вода.

Прави редовни паузи од технологиите

Секој, а особено почувствителните луѓе, мораат да имаат редовно време кое го минуваат подалеку од сите извори на технологија, бидејќи според зборовите на стручњаците, негативната енергија и стресот лесно може да се насоберат и од виртуелниот свет. Според д-р Орлоф, повременото постење од светот на технологијата може да направи позитивно чудо за твоето здравје и благосостојба.

Релаксирај се во вода

Емпатите едноставно ја обожаваат водата, просто е неверојатно колку човек може да се почувствува посмирено кога ќе го потопи своето тело во вода.

Најдобро е да се капеш во некоја бања, море или езеро, но ако ја немаш таа опција, тогаш сличен смирувачки ефект можеш да постигнеш и во сопствената када доколку си приготвиш релаксирачка купка со Епсомова сол!

Според оние што веќе го пробале овој пристап, купките со Епсомова сол се одличен начин за намалување на стресот и релаксирање, затоа што се и извор на магнезиум кој е најсмирувачкиот минерал во светот. Смирувачкиот ефект може и дополнително да се засили доколку во купката додадеме неколку капки етерично масло од лаванда.

Или едноставно консумирајте магнезиум за да постигнете баланс внатре во организмот, а за целосно да го опуштите нервниот, па и мускулниот систем, пијте си Dr. Viton Magnezan B6. 

Магнезиумот и витаминот Б6 негуваат посебно пријателство за кои стресот е најмала препрека. Здружени, успеаваат да го избришат од клетките, а при тоа да ги нахранат со позитивна порција серотонин.

Освен што ја подобрува општата здравствена состојба директно поддржувајќи го имунитетот, Dr. Viton Magnezan B6 е заслужен за здрав мозок и здраво срце. Делувајќи директно на јазлите на животот, тој успева да воспостави психички и физички баланс во целиот организам.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)