Хроничниот стрес е тивок убиец – дали си ти следната жртва?

Краткотрајното чувство на стрес е нормален дел од животот, но ако ова чувство се претвори во долготрајно, неминовно ќе страда и твоето здравје.

Хроничниот стрес го зафаќа целото тело и предизвикува најразлични физички и психолошки симптоми, кои можат многу да го отежнат секојдневното функционирање.

Стресот е природен одбранбен механизам затоа што кога човекот ќе почувствува опасност, веднаш се ослободува хормонот адреналин и се активира таканаречениот одгоор на телото кон стресот.

Во оваа состојба, под дејство на адреналинот, се покачува нивото на шеќер во крвта, а се забрзува и отчукувањето на срцето. Истовремено, питуитарната жлезда добива сигнал за да го ослободи хормонот на стрес – кортизол.

За време на стресниот одговор на телото, нашето тело ја насочува енергијата во насока на заштита. И ваквиот одговор, во нормални услови, би требало да е краткотраен. По самоодбранбената функција, телото и умот би требало да се вратат во нормалната состојба.

Хроничниот стрес всушност не е ништо повеќе од продолжен стресен одговор на телото, кој може да доведе до хроничен премор и изнемоштеност и дури и сериозно да го загрози нашето здравје.

Како резултат на хроничниот стрес, крвниот притисок може постојано да е покачен, а со тоа се зголемува и ризикот од мозочен или срцев удар. Имуниот систем може да ослабне, варењето на храната да не е со полн капацитет, можен е развој на гастроинтестинална, па дури и шеќерна болест затоа што се покачува и шеќерот во крвта. Често се јавуваат и проблеми со меморијата поради недоволно снабдување на мозокот со крв итн.

Во најголем број на случаи, лицето кое пати од хроничен стрес веќе се навикнало на таквиот живот и не се ни сомнева дека зад сите накалемени проблеми всушност може да стои хроничниот стрес.

Можеби дури и ти си еден од овие луѓе, а никогаш не си се ни посомневал во тоа!

Затоа, сега, провери ја листата подолу и види дали и ти имаш некои од овие симптоми:

  • Зголемена потреба за перфекционизам
  • Сакаш да ги контролираш работите
  • Се однесуваш како се да е најитно
  • Честопати сите други ги сметаш за помалку компетентни од тебе
  • Лесно се вознемируваш и лутиш
  • Често негативно гледаш на работите
  •  Веруваш дека си секогаш во право
  • Можеш да се инаетиш и да се однесуваш неразумно
  • Не прифаќаш дури ни продуктивна критика
  • Неспособен си да уживаш во моментот зашто постојано мислиш на нешто друго

Ако сега се препозна себеси како жртва на хроничен стрес, немој да чекаш, туку уште веднаш побарај професионална помош или обиди се да си помогнеш со практикување на некоја од многуте анти-стрес техники.

Dr. Viton Magnezan B6 е проверена анти-стрес техника!

Овој смирувачки коктел ќе воспостави балансирано функционирање на нервниот, кадриоваскуларниот и мускулниот систем, и за разлика од лековите за смирување, нема да направи да се чувствувате летаргично или поспано. Напротив, мозокот и концентрацијата ги одржува на високо ниво, но ги штити и ги ослободува клетките од непотребен стрес.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)