Дали акупунктурата може да те ослободи од стресот и анксиозноста?

Според кинеската медицина акупунктурата е начин за подобрување на функцијата на телото, преку модификување на нерамнотежата или енергетските блокади во органите.

Кога акупунктурата се користи за ослободување од стресот, долги и тенки игли се вметнуваат во точно одредени меридијански точки на телото.

Овие точки се наоѓаат на различни места во телото, и се поврзани со одредени органи.

Меридијаните обично ги објаснуваат како енергетски автопати, а акупунктурата делува така што се отстрануваат блокадите од овие патишта.

Кога меридијаните се чисти без никакви блокади, тогаш чи или енергијата си тече непречено. Западната медицина има докажано и дека акупунктурата води до ослободување на ендорфини, и има способност да активира природен систем против болката, така што сосем е разбирливо зошто оваа метода предизвикува убаво чувство и не прави да се чувствуваме подобро.

Откако ќе се постават иглите, тие може да се вртат или да им се додаде и електричен пулс во зависност од потребите. Потоа потребно е да останат во телото дваесетина минути, и внимателно да се извадат.

Според луѓето кои професионално се занимаваат со оваа метода, стрес третманот делува дури и само после неколку посети, и не е потребно да мине долго време за да се почувствуваат придобивките.

Како и да е, за да се избегнат било какви компликации или инфекции, секогаш е потребно да се најде искусен и лиценциран акупунктурист, и да се внимава тој или таа секогаш да користат стерилни игли за еднократна употреба.

Главниот несакан ефект на оваа метода е тоа што некои луѓе може да чувствуваат болка по сесиите, или да добијат модринки, а некои може дури да осеќаат болка и при самото вметнување на иглите.

Но експертите се согласуваат дека доколку лицето има некое здравствено нарушување кое би можело да доведе до неконтролирано крварење како хемофилија, тогаш тоа лице не треба да користи акупунктура.

Треба да се запомни дека после сесиите за ослободување од стрес нормално е чувството на измореност, а придобивките би требало да се почувствуваат наредното утро. 

Но бидејќи е научно докажан метод, и истражувањата покажале дека навистина има способност да ја отстрани тензијата и да опушти, акупунктурата останува да биде добра опција особено ако ти е потребен некој дополнителен метод за справување со стресот, или со симптомите на панично или анксиозно нарушување.

Затоа, зошто да чекаш? Биди храбар и пробај, и така нема што да загубиш освен својот стрес!

А самиот страв, болка, напнатост и евентуална згрченост во мускулите додека трае акупунктурата, ќе ги намалите со Dr. Viton Magnezan B6. Овој додаток во исхраната е најдоброто нешто со кое ќе го почестите организмот изложен на стрес. 

Магнезиумот клучен и неопходен минерал за низа метаболички процеси, но во услови на стрес е битен за да воспостави психолошки баланас и да го нахрани преморениот мозок. Кога е придружуван со витамин Б6, тој побрзо и полесно се апсорбира. 

Витаминот Б6 исто така има многу одговорни функции поврзани со имуниот систем, нормално функционирање на нервиниот систем и нормален метаболизам на протеини и гликоген. Витаминот Б6 придонесува и за формирање на црвените крвни зрнца и нормална хормонална активност.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)