Проект исполнет со среќа, оптимизам и животен шарм кој вреди да се сподели …
Може ли да се биде среќен 100 дена по ред? Овој предизвик го постави Интернет- проектот наречен „100 среќни денови“, кој ги охрабрува луѓето да уживаат и да го ценат секој момент од секој ден и да го следат напредокот на својата среќа со фотографија.
Не мора да се работи за нешто големо, тоа може да биде мало кученце, ладно пиво, убаво зајдисонце, цвет кој штотуку процветал, пријателка која ви се јавила по долго време, успешно готвење на вечерата…нешто што ве прави да ја цените и сакате убавината на животот.
За да се приклучите на проектот, се што треба да направите е да се регистрирате и да го прифатат предизвикот на www.100happydays.com и да изберете платформа на која сакате да објавувате и да го следите вашиот напредок. Можете да изберете меѓу Инстаграм, Фејсбук и Твитер. На секоја слика која ќе ја објавите, додадете го тагот „# 100happydays“ и некои од вашите сопствени тагови. Ако сакате вашите фотографии да се задржат во приватност, а сепак да учествувате во предизвикот, можете да ги испратите на myhappyday@100happydays.com.
Звучи забавно, нели? Бидете среќни веќе од денес.