Дали знаевте дека потемната боја на кожата, дозволува да можете да користите потемен кармин и обратно? Тоа е основно правило кога се користи еден од најомилените производи на декоративна козметика. А како да остане карминот подолго време непроменет, како да се постигне со шминка усните да изгледаат поголеми, што може да се направи со моливот за усни и многу повеќе ќе ви откриеме во следните 10 совети за совршено нашминкани и неодоливи усни.
1. За подолго да ви трае карминот, на горната страна на раката измешајте го карминот и моливот за уста, а потоа измешаната текстура нанесете ја на усните со помош на четкичка.
2. Ако имате било какви проблеми со правилнo цртање на усните обидете се со овој трик: моливот за усни , нанесете го во вид на точки околу усните, а потоа поврзете ги сите заедно. Бидете внимателни во следењето на природната линија на усните .
3. За да го избегнете разлевањето на карминот, прво нанесете го карминот, а потоа обрабете ги усните со молив за усни . На овој начин карминот ќе се згусне и ќе остане во границите на работ на усните.
4. Ако сакате вашите усни да изгледаат поголеми, наместо молив во боја на карминот, нанесете молив кој е сличен на природната боја на усните. Потоа нанесете го карминот и малку сјај на горниот дел на усните во облик на срце, а во средината на долната усна, завршете со сјај за усни.
5. Почесто нанесувајте го карминот со четка. Тоа ќе ви помогне да го нанесете попрецизно, а ќе трае и подолго, па ќе бидете во можност да го користите многу подолго.
6. Како да се избегне копирањето на карминот на забите? Откако ќе го нанесете завиткајте го вашиот показалец со шамиче и ставете го во устата, така што со вашите усни ќе го изговорите гласот О. Карминот кој остана на шамичето инаку ќе завршеше на вашите заби.
7. Доколку карминот или моливот за усни премногу ви ги сушат усните, пред да се шминкате нанесете балсам и оставете да се впие барем пет минути.
8. Доколку горната усна ви е помала од долната ( или обратно) пробајте го овој трик: на помалата усна нанесете посветла нијанса на кармин, а на поголемата малку потемна нијанса.
9. Откако ќе го нанесете карминот, натапкајте ги усните со проѕирна пудра во прав. Карминот, така, ќе биде постабилен. За да го постигнете истиот ефект, можете да користите руменило или сенка за очи во боја која се совпаѓа со бојата карминот .
10. За да постигнете ефектот на сензуални усните, исчистете ги усните со четка за чистење на заби и веднаш потоа премачкајте ги со маслиново масло. Ќе исчезнат сите пукнатини на усните и тие ќе добијат природна, свежо розова боја.