Вежбајте со своето дете

Би сакале да вежбате, но детето е сеуште мало за да го оставите или нема кој да го чува.

Вежбајќи со своето дете еден час дневно, минимум три пати неделно во исто време правите неколку добри работи за вас и за вашето малечко.

Вашето дете може да прави корективни вежби за деформитети на грбот, градите, нозете, стапалата додека вие исто така вежбате, но и’ уживате во заеднички поминатите моменти.
Трендот на зголемување на деформитетот кај децата е голем, најдобар начин е да на проблемот се делува превентивно или ако за превентива е доцна, тогаш започнете со вежби кои ќе го решат проблемот.

Што се однесува до деформитетот кај децата најизразени се проблемите со грбот, тоа се кифоза и лордоза. За да се реши проблемот со кифоза, потребно е да се прават вежби кои ги јакнат мускулите на грбот, но и вежби со кои се истегнуваат градните мускули. Што се однесува на лордозата потребно е да се прават вежби за јакнење на стомачните мускули, стегање на мускулите на задната ложа и мускулите од седалната регија.

Како сепак сите деформитети кај децата се различни, на самиот почеток е неопходно да се побара помош од лекар или професор по физичко во училиштето или градинката, кој ќе ве насочи на конкретни вежби за вашето дете.

Искористете ги заедничките моменти со вашето дете да се дружите, но и квалитетно да вежбате, бидејќи вежбањето е здраво.