Мафини со брусница

Зарем може некој да им одолее на најпосакуваните слатки на светот?
Задолжително подгответе ги овие превкусни мафини со брусница и подарете барем еден мафин на вашиот љубен.

Состојки:

1,5 филџан наменско пченично брашно

1/2 филџан ‘ржано интегрално брашно

1/2 филџан пченични трици

1 лажичка прашок за пециво

1/2 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

1,5 филџан неутрална павлака (за готвење)

1 лажичка екстракт од ванила

2 големи јајца

1/2 филџан мед (по можност ливадски, но ако го немате, може  било кој вид)

1/4 филџан масло

1 филџан сушена брусница

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во одделен сад измешајте ги сите суви состојки (двата вида на брашно, трици, прашок за пециво, сол и сода бикарбона). Во друг сад, изматете ги јајцата со павлака, мед, екстратот од ванила и маслото . Матете додека не се запенат. Внимателно додадете  ја мешавината на суви состојки во смесата со јајца и матете го сето тоа заедно додека не се изедначи масата. Најпосле измешајте брусница. Калапот за мафини премачкајте го со четка натопена во масло, потоа исипете ја масата во отворите , но не до врвот, туку во 2/3 калапи . Печете ги мафините 20 минути. Кога ќе се изладат, посипете (по желба) шеќер во прав. Од оваа количина на тесто ќе добиете петнаесет мафини. Наместо брусница, исто така можете да додадете некое друго сушено овошје, како што се суви кајсии или ананас.

Уживајте !