Јаткастото овошје оревот има големо значење за здравјето, а поради големото учество на антиоксидансите, во мали количини може да се јаде секој ден, покажуваат најновите американски истражувања.
Џо Винсон од Универзитетот Скрентон, Пенсилванија вели дека оревите се подобри од кикириките, фстаците, бадемите и другите јаткасти плодови. Имено, само една рака ореви има два пати повеќе антиоксиданси од било кое друго јаткасто овошје.
Но, за жал оревите не се толку често на менито, а научниците советуваат дека треба да бидат застапени почесто во секојдневната исхраната. Винсон истакнува дека плодот од оревот има необична комбинација на нутритивните вредности.
Содржат многу високо вредни протеини, кои се одлична замена за месо. Богати се со витамини, минерали и влакна и не содржат глутен. Само седум ореви дневно имаат одлично влијание на здравјето. Дури и мали количини на ореви во масло се поврзуваат со намалувањето на ризикот од срцевите заболувања и го намалуваат ризикот од одредени видови рак. Истражувањето е презентирано на собирот на National Meeting & Exposition of the American Chemical Society во Анахајм, Калифорнија.