Велиш, забораваш? Каде си го паркирала автомобилот или како се викаше жената со која штотуку се запозна. Тоа им се случува на многумина. Сите забораваат повремено. Но, кога тоа заборавање е придружено со останати симптоми кои ти го отежнуваат секојдневното функционирање, време е да кренеш рачна и да го освежиш и нахраниш мозокот.
Одлетувањето на по некоја мисла е вообичаено за човекот, особено со годините. Но, постојат знаци кои укажуваат дека мозокот е изморен, истрошен и дека му е потребна енергија и ресетирање. Во продолжение некои од тие знаци кои треба да го вклучат алармот во твојата глава:
- Поставување на истото прашање повеќепати
- Заборавање на зборови кои многу често се употребуваат
- Мешање на зборовите – пример: мислиш на маса, велиш кревет
- Неорганизираност и тешкотии при планирање
- Збунетост
- Промени во расположението
Зошто забораваш?
Информацијата патува низ мозокот во форма на нервен импулс. Од една до друга нервна клетка, нервниот импулс патува преку синапси со помош на невротрансмитери. Со повторување на овој процес, се формира стабилна врска помеѓу клетките во мозокот и се формира сеќавање за таа информација. Таа информација влегува во нашата меморија.
Слободните радикали, оние злобни молекули кои слободно шетаат низ телото со цел да ѝ напакостат на некоја здрава клетка, одлично ја извршуваат својата мисија. Ја напаѓаат здравата нервна клетка, и не дозволуваат да се пренесе информацијата/нервниот импулс и спречуваат создавање на меморија.
Што да направиш за да не забораваш?
Решение за слободните радикали се антиоксидантите. Го спречуваат процесот на оксидација и не дозволуваат да дојде до оштетување. Според традиционалната ајурведска медицина и мноштво научни истражувања, растението бакопа мониери има силен антиоксидативен капацитет врз мозокот.
Бакопа мониери е врвот на хербалните чуда на природата кои човекот ги користи за подобрување на здравјето на мозокот.
Бакопа мониери содржи компоненти наречени бакозиди кои во случај на оксидативен стрес, во мозокот ја вршат улогата на невротрансмитери и не дозволувааат да дојде до пречки при протокот на информација. На тој начин, овозможуваат создавање меморија.
Dr. Viton Bacogen содржи оптимална концентрација на бакопа мониери за подобрување на сите когнитивни функции како помнење, фокус и концентрација, учење и решавање проблеми.
Освежи го мозокот со бакопа мониери од Dr. Viton и дозволи Bacogen да го олесни твоето секојдневие. Земи Bacogen – За заборавањето никогаш да не ти падне на памет.
Производот може да го нарачате онлајн со клик на линкот: https://alfalab.mk/proizvodi/bacogen/