Во прехрамбената индустрија маргаринот се става скоро во сите производи, од колачи до готова храна, и е скоро незаoбиколна намирница во човековата исхрана. Првенствено е создаден како поздрава замена за путерот, што покасно се покажува како неточно. Бројни студии покажуваат дека маргаринот го покачува нивото на ЛДЛ ” лошиот” холестерол и го смалува ХДЛ “добриот” холестерол што допринесува за настанување на артериoсклероза. Покрај тоа допринесува за згуснување на крвта и го зголемува ризикот од инфаркт и шлог и ја намалува способноста на организмот да ги користи основните масни киселини кои се хеопходни за нормални метаболички процеси. Тврдиот маргарин за теста и колачи содржи 20-40%, амекиот од 15-20% трансмасни киселини. Затоа нутриционистите и лекарите советуваат избегнување на маргаринот, како и смалено консумирање на масни пецива и готова храна која содржи висок процент на маргарин.