Постојат безброј бенефити кои ги нуди Гинкго Билобата, но дејствувањето е едно. Благодарение на своите состојки, Гинкго Билобата го подобрува крвотокот, овозможува крвта полесно да циркулира низ телото, па така полесно се пренесува кислородот до мозокот и се подобрува работата на срцето. Гинкго Билоба е одличен инхибитор на симптоми и начин на превенција:
ПРОБЛЕМИ СО ЦИРКУЛАЦИЈАТА НА КРВТА – оваа состојба може да доведе до згрутчување на крвта, па така некои органи вклучувајќи ги срцето и мозокот да не бидат снабдени со кислород.
ЦЕРЕБРАЛЕН ЕДЕМ – ова е состојба каде одредено ткиво содржи премногу течности и доаѓа до отекување. Гинкго Билобата ги подобрува овие случаи ослободувајќи ги крвните капилари.
ПРОБЛЕМИ СО СЛУХОТ – повторно, Гинкго Билобата ги опушта крвните садови во случаи кога има нарушување на слухот, како на пример зуење во ушите или недоволно добар слух.
ПРОБЛЕМИ СО ВИДОТ – особено кај луѓе со дијабетес тип 2. Кај луѓето чии вид е оштетен и не разликуваат бои, истражувањата покажале дека користењето Гинкго го подобрува видот. Исто така, превентивното земање на Гинкго може да ве заштити од глауком.
КОГНИТИВНИ ФУНКЦИИ – Истражувања покажуваат дека консумирањето на Гинкго Билоба кај возрасни ги подобрува когнитивните функции како мислење, читање, помнење.
ДЕМЕНЦИЈА – Гинкго Билоба е докажано во многу истражувања како растение кое ги подобрува, зајакнува синаптичките врски во мозокот кои служат за креирање на нови сеќава. Во пркос на сенилната деменција, ги ублажува и симптомите на Алцхајмерова болест.
ПМС – За намалување на болките во стомакот, јајчниците и чувствутелноста на градите, консумиран во вистински период во текот на месецот може да ги намали симптомите на ПМС.
МИГРЕНА – хронична главоболка, главоболка предизвикана од стрес напнатост, работа под притисок и активна работа пред компјутер.
РИЗИК ОД АРТЕРИОСКЛЕРОЗА – Наслаги се таложат на крвните садови кога тие се оштетени и како резултат на тоа крвта се закачува за оштетените места, оневозможувајќи добар тек низ крвните садови. Гинкго билобата ги опушта ѕидовите на крвните садови.
НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДИЈА… ГИНКГО БИЛОБА Е ВИСТИНСКОТО РЕШЕНИЕ
#1. Ја чува вашата меморија…
Во истражувањето кое траело три години, учествувале 118 лица постари од 85 години, кои немале проблеми со меморијата. Половина од нив земале екстракт од гинкго три пати на ден, додека другата половина добивале плацебо.
На крајот се покажало дека субјектите кои биле дисциплинирани во земањето на гинкго апчињата имале 68 проценти помалку проблеми со меморија во споредба со плацебо групата.
#2. Ги намалува шансите за Алцхајмер…
Во истражување кое траело 52 недели во 6 истражувачки центри имало 2 групи од кои едната била третирана со екстракт од гинкго билоба, додека другата примала плацебо. Истражувањето покажало дека третманот со гинкго билоба резултирал со бенефит во 2 од 3 случаи. Кај плацебо групата немало такви резултати.
#3. Збогум ПМС
Студија објавена во „The Journal of Alternative and Complementary Medicine“ во август 2009 година, покажува дека третирањето со гинкго билоба значително ги намалува предменструални симптоми кои вклучуваат болки, обилни крварена и чувствутелност, ако се користи меѓу 5 и 16 ден од циклусот.
#4. За подобро да те видам…
Проблемите со видот како глауком и катаракта се многу чести кај лицата во поодминати години. Истражување објавено во “Cochrane Database of Systematic Reviews” во 2013 година покажува дека се регистрирани бенефити кај пациенти со глауком и слаб вид кои биле третирани со гинкго билоба.
