За поттикнување на работата на имунолошкиот состав подеднакво се важни витаминот Ц и А. Бета-каротенот е претходник на витаминот А, ги штити клетките од слободни радикали, го подобрува видот и го зајакнува имунитетот, посебно кај децата. Исто така стимулативно делуваат на растот на забите и коските. Провитаминот А го содржат жолти, портокалови и црвени овошја и зеленчуци.